Утрински Весник
Македонија

МД„Илинден“-Тирана: Јa осудуваме бугарската провокација за непостоење на македонскиот јазик и малцинство 

Честитка од МД„Илинден“ по повод 23 Октомври

Тирана, 24 април 2020 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“-Тирана, во реакцијата објавена попладнево, како што стои, ја осудува најнова провокација на Владата на
Бугарија за македонскиот јазик и македонското малцинство.

-Македонците во Албанија со индигнација го отфрлаат ставот на Бугарската влада со кој повторно се пласира една небулозна теза, дека не постои македонски јазик и македонското малцинство. Барањето на бугарската Влада, Македонија да се откаже од грижата за македонското малцинство и во ЕУ наместо македонски јазик да се користи
терминот „службен јазик на Република Северна Македонија“ е неприфатливо, геноцидно и претставува злосторството против човештвото, стои во реакцијата на друштвото.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана,се додава во реакцијата,  смета дека иако Советот на ЕУ донесе одлука за Македонија да почне преговори и оти изјавите на
земјите-членки не можат да ја променат одлуката, загрижувачко е токму правото на вето на Владата во Софија на секое од триесет и трите поглавја.

– Не се сомневаме во злоупотребата на Софија на нејзините дискриминаторски и расистички барања за непостоење на македонскиот јазик и македонското малцинство, приложени во финалниот заклучок на ЕУ што ја отсликуваат намерата на Софија и солидарноста на ЕУ во продолжението на бугарскиот наци-фашизам за непостоење на македонскиот народ во целина, се наведува во реакцијата на македонско друштво
“Илинден”-Тирана. вт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер