Утрински Весник
Македонија

МВР: 12 отсто помалку сообраќајни незгоди во 2021, намален и бројот на жртви за 14 отсто

МВР: 12 отсто помалку сообраќајни незгоди во 2021, намален и бројот на жртви за 14 отсто
Dik 300x250 mk

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на делницата Јажинце-Тетово-Гостивар-Дебар, а во текот на вчерашниот ден (23.04) санкционирани се 234 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, од кои 23 се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената брзина, а 111 со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес-конференција во Дебар.

„Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди 2020 година е година со најмал број на жртви (125). И во текот на 2021 година продолжува трендот на намалување на бројот на сообраќајни незгоди, како и бројот на жртви. Во периодот од 1 јануари до 15 април 2021 година бројот на сообраќајни незгоди е намален за 12 отсто во однос на истиот период лани, а бројот на жртви е намален за 14 отсто“, вели Ангеловски.

„Покрај сообраќајните контроли, МВР спроведува и превентивни акции со цел да ја зголемиме сообраќајната култура. Од минатиот месец заеднички со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот ја почнавме кампањата за користење на сигурносен појас, а во тек се и други превентивни активности“, рече Ангеловски.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија