Утрински Весник
Македонија

МВР со посебен телефон и електронска пошта за пријави на недозволено групирање

МВР со посебен телефон и електронска пошта за пријави на недозволено групирање

Одговорните граѓани ќе можат да пријават кршење на здравствените протоколи за заштита од коронавирус и недозволено групирање на журки и домашни прослави, како и во викендички или изнајмен простор, на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 или на електронската пошта [email protected]

„Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата, граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано прославување во текот на претстојните празници“, објаснуваат од ресорното министерство.

МВР во пресрет на празниците уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од групни собирања и прослави, да ги почитуваат мерките на Владата, со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско