Утрински Весник
Македонија

МВР: Со ноќен радар санкционирани 111 лица за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на изминатата вечер во периодот од 21.00 до 24.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 111 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

При тоа 69 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 42 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Три пожари активни во Светиниколско

Пожарот кај Дојран се прошири и на грчка територија

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково, ангажирани припадници на Армијата и грчки канадери