Утрински Весник
Македонија

МВР со детали за тешката сообраќајна несреќа во која загинаа двајца охриѓани

Комбе со мигранти удри во три возила во Струмица

Познат е идентитетот на двете лица кои загинаа вчера во тешката сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „мерцедес“ и камион што се случи на патот Ресен-Битола.

На лице место починале возачот и сопатникот на автомобилот,  и двајцата од Охрид.

Станува збор за лица на 36 и 34-годишна возраст со иницијали Д.К. и Ј.Ќ., соопштија од полицијата.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Камионот бил со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Б.П.(33) од селото Ваташа, кавадаречко.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во Дебар по крстот скокаа три дечиња, најсреќен Дамјан Стефановски

Крстот во Охрид го фати Мартин Гоџо

Најдоброто од „Киненова” од 21-24 јануари во Кинотека