Утрински Весник
Македонија

МВР: Приведени 44 лица поради непочитување на забраната за движење

МВР: Приведени 44 лица поради непочитување на забраната за движење

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 44 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 31 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Исто така, се наведува во соопштението, според статистичките податоци, на 110 лица им се издадени решенија за изолација, а 129 лица потпишале изјави за самоизолација.

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, се посочува во соопштението на МВР.фф/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова прими претставници на „Стоп за Усје”

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

СДСМ: Сиљановска вели колегите и кажале за авионот, а што велат за најниските плати во Европа