Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

МВР: Повторно се испратени лажни пораки за наводна тековна истрага

МВР го документирала случајот со постот на Б.Т. и го информирало Обвинителството
Img 7972

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска до одредени граѓани и правни лица повторно, како пред десетина дена, од страна на сторител кој лажно се претставува во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.

– Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура, наведуваат од МВР.

Од Министерството апелираат граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи. см/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Во Тетово се газат државните симболи, а Владата молчи, тоа е лицемерието на ДПМНЕ

Филипче: Нашите корени се во АСНОМ, СДСМ е наследник на највозвишениот дел од македонската историја

Филипче: Како да задржиме млад човек во државата со ниски плати кои не покриваат трошоци?