Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

МВР: Намален бројот на сообраќајни несреќи во државата

МВР: Намален бројот на сообраќајни несреќи во државата
Img 7972

Овој ноември во споредба со ноември 2019 има за 21 отсто намален број на сообраќајни незгоди, за 36 отсто намален број на загинати лица, за 75 отсто намален број на загинати пешаци, а за 47 отсто е намален бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (11.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Дебар и Охрид, при што санкционирани се 115 возачи.

„Изречени се 59 санкции во Охрид, а 66 во Дебар. Евидентно е дека имаме подобрување на дисциплината на возачите на целата територија на државата, како резултат на овие засилени контроли, што пак се рефлектира и на значително намалениот број на сообраќајни незгоди и жртви. Споредено ноември 2020 година со ноември 2019 имаме за 21 отсто намален број на сообраќајни незгоди, за 36 отсто намален број на загинати лица, за 75 отсто намален број на загинати пешаци, а за 47 отсто е намален бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди. И на територијата на СВР Охрид е евидентно намалувањето на сообраќајни незгоди, осбено оние со тешки телесни повреди, кои се намалени за 43 отсто“, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Тој најави дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка