Утрински Весник
Македонија
Img 7972

МВР и Црвен крст Кавадарци поделија флаери за превенција од коронавирус

МВР и Црвен крст Кавадарци поделија флаери за превенција од коронавирус
300x250 opst2

Кавадарци, 17 март 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст Кавадарци денеска поделија едукативни флаери за превенција од коронавирус.

-Сите знаеме, слушаме, ама да се потсетиме,  бидејќи поединци слабо се придржуваат на препораките од надлежните институции. Затоа ја организиравме оваа акција. Претставници од двете институции поделија флаери со едукативна содржина,  со цел да ги поттикнат повозрасните и останатите лица да се придржуваат на препораките од СЗО, нагласи Димитар Каракулев, инспектор за превенција и претседател на кавадаречкиот Црвен крст. свд/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи