Утрински Весник
Македонија

МВР за „Јавна соба“: Жртвите да пријават злоупотреби

Синдикатот на полицијата обвинува за притисоци на вработени да гласаат за одредена партија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. Го повикуваме секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со обвинителството презема соодветни мерки“, велат од Министерството за внатрешни работи, откако беше обелоденето дека повторно е активирана групата на социјалната мрежа „Телеграм“, каде што се споделуваат експлицитни фотографии и видеа од девојчиња од Македонија, како и нивни телефонски броеви, без нивно знаење.

Од Министерството велат дека „Телеграм“ досега демонстрира целосна затвореност за соработка со владите на државите.

„МВР презема активности за расчитување на случајот, а ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм која до сега демонстрира цеосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја.Се разбира ги користиме сите други активности кои ни се на располагање за расчистување на овој случај“, тврдат од Министерството.

Во трите новоотворени групи на „Телеграм“ членуваат и по над 5 илјади членови – речиси сите користат прекари, а нивните телефонски броеви не можат да се видат.

Дел од членовите користат имиња на министри и бизнисмени, но невозможно е да се утврди дали истите се автентични доколку ги немате во својот именик.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тело на исчезнато лице пронајдено во Вардар

Семејствата настрадани во Пулс ja бараат вистина – Дали смртта е предизвикана од цијанид?

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да избрише балансерот