Утрински Весник
Македонија

МВР започнува со чествување на Денот на полицијата

Денеска со почеток во 12:30 часот ќе започне чествувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај коешто годинава е организирано во повеќе градови низ државата.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе биде во Струмица – пред Домот на АРМ, заменик министерот Назим Буши во Струга – на Машка плажа парк, директорот на БЈБ Сашо Тасевски во Крива Паланка – на Градскиот стадион, Државната секретарка Магдалена Несторовска ќе биде во Велес – во Младинскиот парк, заменик директорот на БЈБ Ариф Асани во Крушево – на Гумење.

„МВР за граѓаните во чест на 7 Мај – Денот на македонската полиција“, стои во писмениот допис од полицијата.

Можете да прочитате

Адем Чучуљ едногласно избран за нов претседател на Антикорупциска

Игор Николоски назначен за заменик градоначалник на Прилеп

Еве кога да ги очекувате парите за МојДДВ