Утрински Весник
Македонија

МВР заплени поголема количина оружје и хероин

МВР заплени поголема количина оружје и хероин

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Три автоматски пушки, една снајперска пушка, два автоматски пиштоли со пригушувачи, рамки со муниција, една полуавтоматска пушка, оружје кое потекнува од кражба од продавницата за оружје, вчера беа пронајдени во Скопје.

Како што информираше МВР, оружјето вечера било пронадено во бункери, денеска при пребарување на теренот во специјално направен бункер биле пронајдени 2,5 килограми хероин.

-Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција во координација со СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога синоќа и денеска со наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1, презеде мерки и активности на локација на ул . Алпи во Скопје и во специјално направени бункери пронајде повеќе видови оружје, се наведува во соопштението на полицијата.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. бк/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?