Утрински Весник
Македонија

МВР до денес утврдило 105 случаи на непочитување на самоизолацијата

Кривични пријави и парични казни од МВР и ОЈО за лица кои не ги почитувале мерките за самоизолација

Министерството за внатрешни работи информира дека од започнувањето на примената на мерките и препораките на Владата  заклучно со денеска (22.03.), поднесени се вкупно 77 кривични пријави, а по основ на член 206 и член 205 од Кривичниот законик. Во дел од вкупно поднесените кривични пријави се застапени и двата члена од Кривичниот закон – “пренесување заразна болест“ (чл.205) и “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ (чл.206).

Исто така, до надлежните основни јавни обвинителства доставени се пет посебни извештаи, а изречени се и десет прекршочни мерки по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Покрај овие активности МВР, односно секторите за внатрешни работи при министерството постапуваат и по однос на 604 поднесени решенија за изолација, како и 6.662 изјави за самоизолација на наши граѓани. Притоа при извршените контроли по основ на решенија за изолација утврдени се пет непочитувања на решенијата, додека пак по основ на изјавите, т.е. наредбите за самоизолација утврдени се непочитувања на самоизолацијата во 105 случаи, се вели во соопштението на МВР.

Во врска со контролата на објектите на територијата на целата држава, полициските службеници во соработка со другите надлежни институции направиле вкупно 1.357 контроли врз угостителски и други објекти, во 17 случаи констатирано е непочитување на мерките, при што во шест случаи поднесени се кривични пријави по член 206 од КЗ.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ДА МУ СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ НА ПОВИКОТ ЗА ОБЕДИНУВАЧКА ПЛАТФОРМА

Меџити се сретна со американскиот помошник секретар за енергетски ресурси, Џефри Рос Пајат

Филипче на промоција на новите електрични автобуси за градски превоз во Струмица