Утрински Весник
Македонија

МВР демантира дека жената заболена од корона вирус пред неколку дена била дојдена од Италија

МВР Билтен
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 27 февруари 2020 

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени од порталот Вечер дека жената кај која е утврдено присуство на корона вирус пред неколку дена била дојдена од Италија.

МВР ја информира јавноста дека жената влегла во Република Северна Македонија вчера (26.2.2020) во 02.33 часот на Граничниот премин Табановце, а остварен е контакт и со граничните полиции на Србија и Хрватска, од каде е потврдена рутата и тајмингот на движење.

МВР апелира до медиумите да не пласираат дезинформации кои создаваат вознемиреност кај граѓаните, а ги повикуваме и новинарските здруженија да преземат соодветни активности за да се спречат ваквите злоупотреби кои како крајна цел имаат создавање на паника меѓу граѓаните.

Министерство за внатрешни работи

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје