Утрински Весник
Македонија

МВР: Во јануари за 56 отсто намален бројот на загинати лица во сообраќајки

МВР: Во јануари за 56 отсто намален бројот на загинати лица во сообраќајки

Засилените контроли и акции на Министерството за внатрешни работи за подобрување на безбедноста во сообраќајот, а пред сѐ, со цел за намалување на бројот на сообраќајни незгоди, покажуваат резултати.

„Граѓаните се подисциплинирани во почитувањето на сообраќајните правила и прописи, што резултира со намалување на бројот на сообраќајните незгоди, особено оние со потешки последици. Во јануари 2021 имаме намалување на жртвите од сообраќајни незгоди за 56 отсто, споредено со јануари минатата година. Во јануари  годинава имало четири жртви, а лани во јануари девет. Вкупниот број на сообраќајни незгоди, пак, е намален за 19 отсто. Минатата 2020 година е година со најмал број на жртви во историјата, 125“, соопшти на прес конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој најави изработка на мапа на црни точки, односно места каде во 2020 година најчесто се случувале сообраќајни незгоди со тешки последици, која ќе биде споделена во јавноста, за да ги информира граѓаните да бидат внимателни на тие места. Истовремено, полицијата ќе има континуирани засилени контроли на т.н. црни точки.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер