Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 28 јуни 2020 (МИА) – На 28.06.2020 во 02.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Руѓер Бошковиќ“ ги лишиле од слобода Д.С.(36) и В.Г.(37), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја.

По документирање на случајот, информираат од МВР, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.06.2020 во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Љубанци го лишиле од слобода С.К.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана и ризли. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.06.2020 во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Гвадалахара“ го лишиле од слобода Л.Џ.(40) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.06.2020 во 23.45 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Илинден“ бил приведен 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.06.2020 во 06.45 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Горно Лисиче“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(76) од Скопје и моторцикл „меидуо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(34) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 27.06.2020 во 15.30 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Дрезденска“ С.Н.(63) од Скопје, управувајќи мопед „пијаџо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комлексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 27.06.2020 во 08.45 часот во Полициската станица Аеродром Л.М.(68) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево со мала до умерена локална облачност

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена