Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – На 24.06.2020 во 22,15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Веле Марков“, го лишиле од слобода С.К.(21) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Од МВР денеска соопштија дека синоќа во 21,40 часот во Гостивар на ул.„Илинденска“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишени од слобода биле Е.В.(29), М.К.(20), Л.Б.(24) сите од Скопје и М.К.(25), полициски службеник од Скопје. Имено, при извршениот преглед врз патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.К. пронајдено било огнено оружје–непозната марка, со рамка и осум куршуми како и кеса со остатоци од прашкаста материја. Известен бил Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 24.06.2020 во 10,40 часот, од полициски службеници од Полициската станица Гевгелија било сопрено патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Џ.А.(46) од Мала Речица-тетовско и при извршениот преглед на возилото пронајдени биле двајца мигранти А.В.(24) и А.Ј.(22), двајцата од Турција. Возачот и двајцата мигранти биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Известен Јавен обвинител.
На 24.06.2020 во 12,00 часот било пријавено дека во Струмица, на крстосницата од ул.„Младинска “ со ул„Ристоман Попчевски“ 17- годишник од Струмица управувајќи велосипед паднал на коловозот. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.
На 24.06.2020 во 09,40 часот во Полициската станица Драчево Г.М.(49) од Скопје, пријавила дека на бул.„Србија“ била касната од куче скитник.
На 24.06.2020 во 23,30 часот во Полициската станица Гази Баба Л.К.(52) од Скопје пријавила дека на ул.“Јужноморавски бригади“ била касната од куче скитник.
Во текот 24.06.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се две возила бидејќи биле нерегистрирани, двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и 45 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. цр/