Скопје, 21 јуни 2020 (МИА) – Во СВР Битола ноќеска во 03.50 часот било пријавено дека во ресенското село Лавци настанал пожар во магацин сопственост на А.С.(52), при што биле опожарени трактор, глисер, гајби, залихи на нафта и бензин и други предмети.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Ресен. Увид ќе се врши во текот на денот.
Во 03.40 часот ноќеска било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ излегува чад од пекара сопственост на Б.М. (62), а претходно се слушнало детонација.
По пристигнување на полициските службеници на местото на настанот забележано е дека влезната врата е целосно извадена од лежиштето и причинета е материјална штета, па постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна направа. Повредени нема. Се работи на расчистување на случајот.
Патничко моторно возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки управувано од С.И.(70) од Велес вчера околу 18,20 часот пред наплатната „Градско“ на автопатот Градско – Велес изгубило контрола, излетало од коловозот и се превртело.
По незгодата соптникот во возилото, Ѓ.М.(70), со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор биле констатирани тешки телесни повреди, но од здобиените повреди тој починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
На крстосница помеѓу бул.„Македонски просветители“ и бул.„Туристичка“ во Охрид вчера во 09.15 часот патничко моторно возило „тојота корола“ со струшки регистарски ознаки управувано од Љ.Ж.(50) од Струга удрило во велосипедист К.Н.(39) од Охрид.
По незгодата К.Н. бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“-Охрид каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид.
Патничко моторно возило „фиат браво“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(25) од село Маврово, вчера околу 17.15 часот на регионалниот пат Маврови Анови – село Маврово удрило во велосипедист Ѓ.Н.(42) од Скопје.
По незгодата, со возило на итна медицинска помош велосипедистот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Гостивар.
На регионалниот пат Охрид – Струга кај место викано „Оровничка плажа“ во Охрид вчера во 20.00 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(40) од Скопје, и мотоцикл „хонда“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Б.М.(39) од струшкото село Мислешево.
По незгодата од доктор на Б.М му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош. За настанот е запознат јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.
Во СВР Скопје ноќеска во 03.32 часот било пријавено дека на ул.„Рајко Жинзифов“ настанал пожар на патничко моторно возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Г.(29) од село Мршевци.
Опожарен бил предниот дел на возилото. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.
Во СВР Скопје ноќеска во 01.02 часот било пријавено дека на ул.„Алпи“ во Скопје околу 00.15 часот две непознати лица полиле запаллива течност врз паркирано патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, кое потоа го запалиле, при што возилото било опожарено во делот на десно крило, десно предно тркало и еден дел под хаубата.
Друго паркирано патничко моторно возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, било само полиено со запаллива течност, но не било запалено. Двете возила се сопственост на С.М.(62) од Скопје. Пожарот е изгаснат од сопственикот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. хс/