Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – На 17.06.2020 во 23,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк, го лишиле од слобода Л.Ј.(25) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти денеска МВР.

На 17.06.2020 во 12,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.“Гоце Делчев“, лишиле од слобода 16 годишна малолетничка затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.06.2020 во 11,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Бледски договор“, го лишиле од слобода К.С.(31) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.06.2020 во 15,45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Анри Барбис“, лишиле од слобода 17 годишен малолетник затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.06.2020 во 12,27 часот на крстосница од патот Битола-Прилеп и Битола-Демир Хисар, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.К.(26) од с.Радишани-скопско, и мопед „Томос“ со битолски регистарски ознаки управуван од Д.Б.(77) од Битола. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР-Битола.

На 17.06.2020 во 15,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кочани-Пониква мопед марка „Томос АПН 6“ со штипски регистарски ознаки управуван од Љ.Г.(54) с.Лешки-кочанско паднал на коловозот. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

На 17.06.2020 во 17,50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар –с.Чегране се случила сообраќајна незгода помеѓу “Голф“ со гостиварски регистарски ознаки управуван од Н.М.(62) од с.Чајле-гостиварско и мопед “Јиајуе“ со гостиварски регистарски ознаки управуван од Т.Љ.(79) од с.Чајле-гостиварско. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

На 17.06.2020 во 16,30 часот во Полициската станица Центар В.Ш.(50) од Скопје, пријавила дека на Кеј “13-ти Ноември“ била касната од куче скитник.

На 17.06.2020 во 19,30 часот во Полициската станица Чаир Д.З.(41) од Скопје, пријавила дека на ул.“Радишанска“ била касната од куче скитник.

На 17.06.2020 околу 23,45 во СВР Скопје било пријавено дека во близина на Соборен Храм на бул.„Партизански Одреди“ настанал пожар при што било опожарено паркирано патничко моторно возило„југо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.А.(84) од Скопје. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот ќе биде извршен од екипа на СВР Скопје во текот на денешниот ден.

На 17.06.2020 околу 13,30 часот на ул.Апостол Гусларот во Скопје полициски службеници СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(30) од Скопје бидејќи при обид за легитимирање поради сторен прекршок физички нападнал полициски службеник. По целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Н.М.(47) од с.Слупчане, Општина Липково, поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела „предизвикување општа опасност“ казниво по член 288 став 1 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 од Кривичниот законик. На 18.05.2020 околу 19,30 часот во с.Слупчане, Општина Липково пријавениот, по претходна расправија со С.И. од огнено оружје испукал еден куршум.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка до Основното јавно обвинителство Крива Пaланка поднесе кривична пријава против П.Ц.(22) од Крива Паланка поради основно сомнение дека сторил кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“ казниво по член 216 став 1 од Кривичниот законик. На 15.05.2020 пријавениот во близина на објект викан „Тораничка зграда“ во место викано „Осичка Маала“ по претходен договор со Д.И.(24) му дал марихуана.

Во текот на 17.06.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се едно возило бидејќи било нерегистрирано, двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи бидејќи поминале на црвено светло и 42 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче

Мицкоски: Наскоро ќе видите како се прислушувало последните години, ќе се згрозите