Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје, ноќеска триесет минути по полноќ на бул.„Партизански одреди“ привеле 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана и нож. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 20:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Бутелска“ го лишиле од слобода М.Н.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 15:40 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Среќко Пужалка“, при извршен преглед кај Б.Н.(18) од с.Арачиново, бил пронајден нож на расклопување. Тој бил приведен, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во село Ваксинце, кумановско, вчера полициски службеници извршиле претрес во домот на Т.Ќ.(59), при што биле пронајдени 51 мигрант, од кои 38 од Пакистан и 13 од Авганистан, меѓу кои имало и шест малолетни лица. Известен е Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 13:55 часот било пријавено дека во Битола, на регионалниот пат Новаци-Добрушево, кај с.Горно Агларци, патничко возило „ауди“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(54) од с.Новаци, излетало од коловозот. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Вчера во 19:50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, кај наплатната рампа Романовце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено меган“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник и патничко возило „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од непознат возач. По незгодата, возачот на возилото „фолксваген пазасат“ го напуштил местото на настанот, а во возилото биле пронајдени осум мигранти од Пакистан. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово во присуство на инспектор од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се работи на расчистување на случајот.

Синоќа во 23:00 часот, по претходна пријава за нарушување на јавниот ред и мир со физички напад, полициски службеници од Полициска станица Гостивар на ул.,,Гоце Делчев“, пред угостителски објект, каде го нашле повреден А.Н.(39) од с.Лакавица, гостиварско. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Известен е Јавен обвинител. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 09:00 часот било пријавено дека во Крушево, атар на с.Пуста Река, кај место викано „Крушка“, при сеча на дрва Ѓ.А.(64) од Крушево се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Во текот изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се осум возила, бидејќи биле нерегистрирани, шест возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи бидејќи поминале на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, а 80 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

На 12, 13 и 14 јуни 2020 полициски службеници од СВР Битола извршиле контрола на брзина, контрола за алкохол, техничка исправност на возилото, користење сигурносен појас, мобилен телефон, поседување на возачка дозвола. Притоа, констатирани се 19 нерегистрирани возила, без возачка управувале 23 возачи, а под дејство на алкохол управувале 11 возачи и истите се отстранети од сообраќај. Брзината не ја почитувале 25 возачи, појас не користеле пет возачи, а пет други зборувале на мобилен телефон додека управувале возило. За сите неправилности се издадени соодветни налози. дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Затвореник од Идризово излегол на викенд и се обидел да ограби спортска обложувачница во Центар

Митева: Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа

МВР поднесе кривична против Крешник Бектеши за вршење притисок врз полициски началник за време на изборите