Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 14 јуни 2020 (МИА)Ноќеска во 00.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Самоилова“, ја лишиле од слобода С.Л.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк, го лишиле од слобода М.П.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош, го лишиле од слобода А.П.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Кичевска“, го лишиле од слобода О.М.(41) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера, во 11.45 часот било пријавено дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“ патничко возило „тојота јарис“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(49) од Скопје, удрило во пешакот Л.С.А.(74) од Скопје. Во незгодата Л.С.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа екипа од СВР Скопје.

Вчера, во 12.50 часот било пријавено дека на автопатот Тетово – Гостивар, пред клучка Камењање во село Камењање, патничко возило „фолксваген фокс“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(54) од Гостивар, излетало од патот. По незгодата, С.Б. била пренесена во Клиничката болница Тетово за укажување  лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа екипа од СВР Тетово.

Вчера, во 08.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Е.Р. (36) од Скопје пријавила дека на ул.„Јужноморавски бригади“ била касната од куче скитник.

Вчера, во 13.30 часот било пријавено дека во Гостивар на ул.„101“, Џ.Ш.(50) од Гостивар, управувајќи патничко возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, удрил во велосипед, управуван од 10-годишник од Гостивар. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа екипа од Полициската станица Гостивар.

Вчера, во 16.40 часот било пријавено дека на регионален пат, на место викано „Коритница“, атар на село Ратавици, Пробиштипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, управувано од В.А.(49) од Пробиштип и патничко возило „ауди“, со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од К.К.(26) од Пробиштип. Во незгодата В.А. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката Л.А., од истото возило, се здобила со телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа екипа од Полициската станица Пробиштип.

Вчера, во 20.30 часот во Полициската станица Гази Баба, С.А.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„Јужноморавски бригади“ бил каснат од куче скитник.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вучиќ–Сиљановска Давкова: Србија и Северна Македонија можат да понудат многу во лозарството и туризмот

Шумски пожар над охридските села Куратица и Опеница, на терен дејствуваат три ер-трактори

ДУИ да одговори – дали за време на нивните патувања избегнуваат скенери, вели Таравари