Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

Вооружен инцидент во скопско Бутел, нема повредени

Скопје, 13 јуни 2020 (МИА)На 12.06.2020 во 23.05 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк, при извршен преглед кај Џ.Ј.(33) од Скопје, пронашле нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.06.2020 во 13.25 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Косевица, кај маало „Чутурање“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавија“, со штипски регистарски ознаки, управувано од В.В.(19) и патничко возило „форд фиеста“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Г.В.(59), двајцата од с.Косевица. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле Г.В. и сопатничката од истото возило Д.В. (68) од с.Косевица, а со телесни повреди се здобил В.В., констатирани во Клиничката болница Штип, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Штип.

На 12.06.2020 во 13.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, на влезот за с.Дебреште, К.Т.(21) од с.Дебреште, прилепско, управувајќи патничко возило „ауди“, без регистарски ознаки, удрил во велосипед, управуван од деветгодишник, од истото село. По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 12.06.2020 во 16.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Крушево, патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(21) од с.Воѓани, прилепско, удрило во велосипед, управуван од С.Б.(74) од Прилеп. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 12.06.2020 во 19.20 часот во Полициската станица Бит Пазар, К.Л.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Цветан Димов“ бил каснат од кучиња скитници.

На 13.06.2020 во 00.15 часот, во с.Палатица, од полициски службеници од Полициското одделение Групчин од слобода бил лишен M.K.(58) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Тој бил задржан во СВР Тетово за понатамошна постапка.

На 12.06.2020 во 18.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Б.С.(65) од Скопје пријавила дека на ул.„Индира Ганди“ била касната од куче скитник.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

БГНЕС: Божиновска се уште е бугарска државјанка

БГНЕС: Божиновска се уште е бугарска државјанка

Давкова: Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина