Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА)Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 00.10 часот, на ул. „Ѓорче Петров“ го лишиле од слобода В.Р.(21) од Мала Речица затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Ш.С., инспектор во СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик. Пријавениот, на 2 јуни во просториите на СВР Тетово, поради невнимателно ракување со службениот пиштол, испукал еден куршум во неговата канцеларија, при што никој не бил повреден. Од страна на одделот за внатрешна контрола поднесена е и иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност преде надлежната комисија.

Синоќа, во 21.30 часот на крстосницата од бул. „Никола Карев“ и влез кон касарната „Илинден“, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(52) од Неготино, удрило во пешакот И.Р.(54) од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Скопје.

Денеска во 00.55 часот на крстосницата од улиците „Александар Македонски“ и „Борка Талески“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел вектра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(20) од Прилеп и мотоцикл „јамаха“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ц.П.(18) од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот и бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа на Полициската станица Прилеп.

Вчера во 10.30 часот било пријавено дека на ул. „Козле“ во Скопје, патничко моторно возило удрило во пешакот М.С.(50) од Скопје по што го напуштило местото на настанот. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Вчера полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на подрачјето на СВР Битола извршиле контрола на брзина, контрола за алкохол, техничка исправност на возилата, користење сигурносен појас, користење мобилен телефон при управување моторно возило, поседување на возачка дозвола. Притоа, констатирано е дека три возила биле нерегистрирани, без возачка дозвола биле пет возачи, едно лице управувало возило под дејство на алкохол и било исклучено од сообраќај, брзината не ја почитувале шест возачи, сигурносен појас не користеле двајца возачи, а тројца возачи зборувале на мобилен телефон при управување возило. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се три возила бидејќи биле технички неисправни, а 32 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Вчера во 18.30 часот во Полициската станица Карпош, Ј.Д.(68) од Скопје пријавил дека на ул. „Ванчо Мицков“ бил каснат од куче скитник. ир/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФЗО ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов

Фити: Идејата на ВЛЕН е небулозна, во МАНУ имаме четири членови од албанска националност

Го нашле на Клиника: Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од четири години