Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба синоќа во 23.00 часот,  го лишиле од слобода Н.К.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.06.2020 во 14.45 часот, соопштија денеска од МВР, полициски службеници од СВР Скопје на клучка Арачиново го лишиле од слобода С.А.(36) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 20.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Македонско-косовска бригада“ ги лишиле од слобода Ф.Б.(23), Е.Р.(42) и С.Б.(33), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај Ф.Б. била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.06.2020 во 12.30 часот било пријавено дека на ул.„Љуботенска“ во Тетово патничко возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(53) од с.Синичане удрило во велосипед, управуван од М.С.(74) од Тетово. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

На 08.06.2020 од слобода бил лишен и приведен во Полициската станица Гостивар А.С.(54) од село Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки кражби“, како и други кривични дела на подрачјето на Гостивар, а воедно по телеграма се барал заради издржување казна затвор за сторено крвично дело „тешка кражба“.

Од МВР информираат дека синоќа во 18.30 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Кичево, на место викано „Берза“, полициски службеници го привеле A.K.(25) од Р.Албанија поради прекршок по Законот за странци, односно нерегулиран престој во РСМ. Тој бил задржан во ОВР Кичево за понатамошна постапка.

На 08.06.2020 во СВР Велес е лишен од слобода Б.Л.(33), бидејќи околу 22.00 часот во село Манастирец, по кратка расправија, со воздушен пиштол испукал неколку дијаболи кон С.М.(81), при што ѝ нанел повреди. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.06.2020 во 22.56 часот било пријавено дека во с.Сарај, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат стило“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(43) од село Сарај и мотоцикл „хонда ЦР-В 1000“, без регистарски таблички, управувано од Ш.О.(21) од село Паничари, скопско. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 08.06.2020 во 17.30 часот пред Трговскиот центар во Штип, полициски службеници од СВР Штип, при вршење проверка на индититет, привеле 17 – годишник од село Лакавица, штипско и А.Т.(27) од Мароко, по што било констатирано дека А.Т. е лице мигрант кој на 04.06.2020 бил забележан од малолетникот пред продавница во село Лакавица, по што до 08.06.2020 престојувал во домот на малолетникот. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, по чија насока А.Т. бил сместен во Прифатен центар за понатамошна постапка. По целосно докумнетирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.06.2020 во 14.25 часот во Полициската станица Центар, З.С.(71) од Скопје пријавил дека на кеј „13 Ноември“ бил каснат од куче скитник.

На 08.06.2020 во 18.45 часот, на магистралниот пат А4 Струмица-Радовиш, делница од Струмица до Василевска крстосница, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од Е.С.(55) од Скопје, во кое имало 11 мигранти од Пакистан, патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од С.Г.(34), со сопатник С.Г.(57), и двајцата од с.Градашорци и патничко возило „ауди“, управувано од Д.К. од Скопје, со тројца сопатници. Во незгодата загинал возачот на возилото „фолксваген пасат“, а со тешки телесни повреди се здобиле три лица, и тоа возачот и еден сопатник од возилото „опел астра“ и еден сопатник од возилото „фолксваген пасат“, додека со телесни повреди се здобиле пет лица сопатници во возилото „опел астра“. Увид на лице место извршија Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.06.2020 во 09.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.С.(48) од Скопје пријавила дeка на ул.„Полог“ била касната од куче скитник. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ