Утрински Весник
Македонија

МВР билтен

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – За време на забраната за движење, вчера во 17:10 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Никола Карев“, при извршен преглед кај Б.Р.(20) од Скопје, пронашле еден гасен пиштол, една рамка со пет куршуми и една чанта со 21 куршум. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 14:30 часот, во гостиварско Чајле, полициски службеници на СВР Tетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.Ф.(41) и И.М.(30), двајцата од Гостивар, затоа што при преглед кај нив бил пронајден кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Во периодот од 22 часот вчера до 4 часот утринава, во заедничка акција на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор „Охридско eзеро“ и службени лица од Државниот инспекторат за земјоделство, при контрола во водите на Охридско Езеро, наспроти село Калиште, струшко, на околу 1 км од брегот, пронашле повеќе рибарски мрежи со улов од риба, кои се подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 8 часот од полициски службеници, на паркинг од угостителски објект на магистрален пат Гевгелија – Демир Капија, во патничко возило „фолксваген пасат“, со кавадаречки регистарски ознаки, биле пронајдени девет лица мигранти од Пакистан, Бангладеш и Сирија. За настанот е известен Јавен обвинител. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Валандово.

Вчера во 12 часот било пријавено дека на улица „Фуштанска“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „хонда ЦРФ“, без регистарски ознаки, управуван од А.С.(25) од Скопје удрил во патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано од М.П.(35) од Скопје. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера во 15:30 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„300“ и ул.„260“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу четирицикл „јамаха“, со бугарски национални ознаки, управуван од С.Ј.(46) од Куманово и велосипед управуван од шестгодишно дете од Куманово. По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Вчера во 15.00 часот, И.З.(65) од Скопје пријавил дека на ул.„515“ бил каснат од куче скитник.

Во текот на изминатите денови (04, 05, 06 и 07.06.2020) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се три возила, бидејќи биле нерегистрирани, тројца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач бидејќи поминал на црвено светло, а 33 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор