Утрински Весник
Македонија

МВР билтен

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 6 јуни 2020 (МИА) – Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вчера во 6:30 часот го лишиле од слобода А.Т.(37) од с. Дабниште, кавадаречко, поради тоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловна пушка, 17 куршуми со калибар 12 мм , 22 куршуми калибар 16 мм, 20 куршуми со ознака БТ3 непознат калибар, една метална направа за полнење куршуми. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

Вчера во 13:45 часот било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Делчево, додека Д.Г.(43) од Делчево управувал трактор „ИМТ 533“ со делчевски регистарски ознаки, од тракторот паднало четиригодишно дете, кое се превезувало на тракторот и кое се здобило со повреди. Детето било пренесено во Јавната здравствена установа Кочани, каде била констатирана смрт. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Делчево.

Вчера во 11 во Полициското одделение Новаци, З.Ѓ. пријавил дека Т.М.(49) од с. Добромири му пријавил дека, додека работел во своето дворно место, пронашол експлозивна направа-граната. Увид бил извршен, а гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување на понатамошна постапка.

Вчера во 8:05 часот на регионалниот пат Мороишки мост-с.Мислодежда, поточно во с.Горно Татеши, струшко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од с.Мислодежда, струшко и патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(51) од Кичево. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.М.(46)од с.Ботун, сопатник од возилото „цитроен“ и бил пренесен во медицинскиот центар Струга за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Струга.

Вчера околу 11:45 часот на крстосницата од регионалниот пат с.Пепелиште-с.Лакавица со улица за влез во с.Пепелиште се случила сообраќајна незгода во која учествувале Л.Д.(50) од с.Пепелиште, кој управувал велосипед и патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(39) од Охрид. По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Општата болница Кавадарци каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.

Во Полициската станица Чаир вчера во 14:30 часот, Д.Д.(18) од Скопје пријавил дека пред игралиштето во с.Радишани бил каснат од куче скитник. бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме