Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Синоќа во 22.10 часот на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода П.П.(21) и А.Ј.(22), двајцата од Скопје, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана.
Од МВР денеска информираат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветени поднесоци.
На 01.06.2020 во 02.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на ул.„Ресенска“ настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „ауди А8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Р.(35) од Скопје. Во пожарот целосно бил опожарен предниот дел на возилото, а пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.
На 31.05.2020 во 19.10 часот во Полициската станица Кичево, М.Е.(39) од Кичево пријавил дека на бул.„Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 31.05.2020 околу 15.00 часот во Полициската станица Велес, Л.Т.(65) од Велес пријавил дека на ул.„Благок Ѓорев“ бил каснат од куче скитник. цр/