Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – На 11.05.2020 во 12.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градски парк го лишиле од слобода Б.С.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.05.2020 во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода З.Д.(40) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.02.2020 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Струмичка“, при извршен преглед кај А.М.(19) од Скопје, пронашле нож. Сочинет е записник за констатиран прекршок од Законот за оружје.

На 11.05.2020 во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(43) од Скопје, излетало од коловозот и се превртело. По незгодата, возачот и сопатникот Г.С.(41) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде на Г.С. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на И.С. телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 10.05.2020 во 18.10 часот било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Г.Ѓ.(28) од Скопје, паднал на коловозот. По незгодата, мотоциклистот и сопатникот Л.Ј.(26) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Од МВР појаснуваат дека бил извршен увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 11.05.2020 во 07.20 часот во Полициската станица Центар, Р.А.(55) од Скопје пријавил дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Во текот на 11.05.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје 22 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

На 11.05.2020 во 11.30 часот во Полициската станица Чаир, С.М.(33) од Скопје пријавила дека на ул.„Радишанска“ била касната од куче скитник во пределот нозете. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава