Утрински Весник
Македонија

МВР билтен

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 10 мај 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 11:35 часот на подрачјеот на Бит Пазар го лишиле од слобода А.О.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во скопските села Глумово и Рашче ги лишиле од слобода С.М.(46), Е.Б.(32), С.И.(24), И.Р.(24) сите од Глумово и К.В.(24) од Рашче поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело„насилство“. Вчера во 20:20 часот во СВР Скопје, С.С.(31) од село Глумово пријавил дека околу 15:00 часот додека со неговите браќа С.С. и А.С. биле на работно место во Планинарски дом Матка забележал дека М.С. пука со пиштол кон неговиот брат А.С. до кого биле и М.С. и И.С., кои носеле пиштоли, И.С. кој носел нож, Ќ.С. носел бејзбол палка и Р.Е. Во еден момент Ќ.С. со бејзбол палка физички го нападнал пријавителот. По настанот пријавените го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициска станица Делчево вчера во 19:25 часот било пријавено дека на улицата „Првомајска“ во Делчево настанал пожар во куќа сопственост на С.И.(72) при што целосно бил опожарен кат од куќата и целата покуќнина. Во пожарот со изгореници се здобила сопругата на сопственикот С.И.(67) на која доктор од итна медицинска помош и букажал лекарска помош. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Делчево. Увид на местото на настанот ќе изврши екипа од Полициска станица Делчево.

На автопатот Тетово-Скопје во близина на мост на река Вардар вчера околу 7:20 часот товарно моторно возило „форд ренџер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(25) од Тетово излетало од патот и удрило во метална ограда. По незгодата возачот И.Б. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде починал поради сериозноста на повредите. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

На локалниот пат за село Градманци, скопско вчера околу 11:20 часот патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.И.(60) од Скопје изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се задобила сопатничката С.И.(56) која со возило на итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болниц а„Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

На булеварот „Никола Карев“ во Скопје вчера во 14:50 часот патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.И.(22) од Скопје удрило во пешак Б.А.(61) од Скопје. По незгодата со возило на итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија