Утрински Весник
Македонија

МВР билтен

МВР го документирала случајот со постот на Б.Т. и го информирало Обвинителството

Скопје, 3 мај 2020 (МИА) –  Во Полициската станица Кавадарци вчера во 14:30 часот било пријавено дека истиот ден околу 9 часот во нива во с.Чичево-o.Градско на место викано „Подколец“ М.В.(47) од Косово, кој работел како најмен овчар се обидел да изврши обљуба врз 16 годишен малолетник, но малолетникот успеал да избега. Осомничениот бил приведен во полициска станица, известен е Јавен обвинител и се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 13:16 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен со тешки телесни повреди од остар предмет Е.А.(25) од Штип. Според исказот на повредениот со повредите се здобил во близина на Трговскиот центар Мавровка кога тој, неговата сопруга и неговиот брат биле нападнати од четири непознати лица. За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 14:30 часот во Полициската станица Бит Пазар А.А.(69) од Скопје пријавила дека на 1 мај 2020 од домот се одалечил нејзиниот син Ј.Ј.(41). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 15 часот било пријавено дека на ул. „Пелагонија“ по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.Ѓ.(20) и А.Ф.(40) двајцата од Скопје. Сочинети записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

Вчера во 13 часот било пријавено дека во Ресен на улицата „Борис Кидрич“ Ш.Р.(28) од Ресен бил физички нападнат од С.Ф.(38) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот. бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава