Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

Kaзнени налози против тројца тетовци, не го почитувале полицискот час

Скопје, 20 април 2020 (МИА)На 19.04.2020 во 17,30 часот било пријавено дека на лoкалниот пат с.Г.Коњаре-с.Четирце, Б.Ј.(43) од с.Четирце-кумановско, управувајќи мотоцикл „jамаха“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола над мотоциклот, по што паднал на коловозот. Б.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, а со повреди се здобил и 17 годишен сопатник, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

На 19.04.2020 во 17,30 часот во Полициската станица Аеродром З.С.(21) од Скопје пријавила дека на ул.“Симеон Кавракиров“ била касната од куче скитник во пределот на левата рака.

На 19.04.2020 во 20,15 часот било пријавено дека на ул.“Радишанска“ по претходна вербална расправија во семејната куќа бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу И.Ш.(47) и Т.Ш.(46) двајцата од Скопје. Сочинети записници по чл.7 од ЗППЈРМ. вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Редот, правдата и контролата се најголемиот страв на ДУИ

Јавен обвинител извршил увид на местото на злосторот во Прилеп – пронајдени три безживотни тела

ВМРО-ДПМНЕ се пофали дека водела 5:1 во однос на СДСМ