Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

Во сообраќајка тешко повредена старица од Пехчево

Скопје, 18 април 2020 (МИА) – На 17.04.2020 во село Сарај е лишен од слобода А.Љ.(40) од село Грчец, кој се барал по централна потерница во врска со чл.396 од Кривичниот законик. На А.Љ. му е определена мерка притвор и спроведен е во Казнено-поправна установа „Затвор Скопје“.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 15.30 часот,  на подрачје на Гази Баба ги лишиле од слобода Д.А.(32) од с.Петровец, скопско, и А.Ј.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана и нож. По документирање на случајот, соопшти денеска МВР, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.04.2020 во 15.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Шарпланинска“ го лишиле од слобода Д.Т.(22) од с.Ново Село, скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.04.2020 во 09.10 часoт на ул.,,Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „томос“, без регистарски ознаки, управуван од Ч.К.(69) од Прилеп и патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Ц.(38) од Прилеп. По незгодата, Ч.К. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Одделение за внатрешни работи Прилеп.

На 17.04.2020 во 15.54 часот на ул.„1“ во с.Ново Село, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од полициски службеници од СВР Скопје и патничко возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Г.(36) од Скопје, кој го напуштил местото на незгодата. По сообраќајната незгода, еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

На 17.04.2020 околу 23.45 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај бензинска пумпа во с.Росоман, се случила сообраќајна незгода во која Г.С.(26) од с. Росоман, управувајќи патничко возило „ровер“, со кавадаречки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Тој бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Одделение за внатрешни работи Кавадарци. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер