Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР го документирала случајот со постот на Б.Т. и го информирало Обвинителството

Скопје, 9 април 2020 (МИА)На 8 април 2020 во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Загребска“ го лишиле од слобода С.Д.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 8 април 2020 во 18.40 часот во с.Ново Село, скопско, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Ј.К.(48) од с.Волково, скопско, поради тоа што немал со себе документ за идентификација ни дозвола за движење, а исто така, се однесувал агресивно кон полициските службеници кои вршеле службени дејства. По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 9 април 2020 во 06.41 часот било пријавено дека на 7 април 2010 околу 13.30 часот на ул.„Македонско-косовска бригада“ патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(30) од Скопје, удрило во малолетен пешак. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ