Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

Во сообраќајка тешко повредена старица од Пехчево

Скопје, 17 март 2020 (МИА)Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 22 часот на ул.„Саса“ ги лишиле од слобода Н.Р.(22) и А.И.(22) двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Полициски службеници од СВР Скопје во село Црешево, вчера во 13 часот при извршен преглед кај А.Д.(19) од Скопје, пронашле нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 14:50 часот во Градскиот парк, при извршен преглед кај Ф.Б.(23) и И.Н.(25), двајцата од Скопје, пронашле два ножа на расклопување. Тие биле приведени, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во полиција вчера во 06.20 часот било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“, во близина на пешачкиот надвозник во населба Хиподром, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „рено мастер фриго“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Б.(42) од Велес и патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(36) од село Петралица, Крива Паланка. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „опел корса“, А.Ј.(53) од село Огут, Крива Паланка, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Во Полициската станица Ѓорче Петров  синоќа во 20:30 часот Г.И.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака и десната потколеница.

Во Полициската станица Гази Баба, синоќа во 18.20 часот вЕ.В.Ј.(35) од Скопје пријавила дека на ул.„Перо Наков“ била касната од куче скитник во пределот на левото колено.

Во текот на вечаршниот ден на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што се санкционирани: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, еден возач поради поминување на црвено светло и еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци. Во текот на изминатиот ден, 11 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани