Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 24 мај 2020 (МИА) – Денеска во 03.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на булевар “Гоце Делчев“ во сопственост на Г.Н.(52) од Скопје, опожарена била терасата на угостителскиот објект. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 16.00 часот во СВР Битола било пријавено дека околу 08,00 часот пред бензинска пумпа во Битола, Љ.Т. кој управувал патничко моторно возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки упатувал закани по живот кон полициски службеник од СВР Битола, по што го напуштил местото на настанот.За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во с.Џепчиште, тетовско вчера во 20:00 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.Џ.(53) од с.Џепчиште бидејќи, на 23.05.2020 во 19,30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница Тетово бил донесен со тешка телесна повреда Б.Ш.(44) од с.Џепчиште, кој со повредата се здобил во с.Џепчиште при физичка пресметка со неговиот сосед Џ.Џ.. За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 15.30 часот во с.Бунарџик,скопско полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ф.(75) од с.Бунарџик бидејќи на 23.05.2020 14,20 часот во СВР Скопје, И.Џ.(37) пријавил дека на ул.„2“ во с.Бунарџик поради нерасчистени имотни односи и претходна расправија С.Ф.(75) од с.Бунарџик го нападнал со метална шипка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициска станица Тетово вчера во 14:20 часот било пријавено дека околу 15.00 часот  на ул.„Б.Тоска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово биле физички нападнати од три непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 18,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор на ул.„Божин Николов“ во Скопје во сопственост на Џ.В.(41) поради нарушени имотно-правни односи тој бил физички нападнат со тврд предмет од  Ф.В.  и М.В. двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Битола, вчера во 19:15 часот С.П.(66) од Битола пријавила дека нејзиниот брат Б.К.(63) се оддалечил од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 11,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ починал М.П.(58) од Скопје, осуденик од КПУ Идризово, кој бил донесен на 04.05.2020 од КПУ Идризово со здравствени проблеми. Од страна на доктор е констатирана смрт. Телото на починатиот е предадено за обдукција.

Во СВР Битола, вчера во 14:12 часот М.М.(33) од Битола пријавил дека на ул.Прилепска во Битола дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот и П.М.(61) од Битола од една страна и Т.А.(48) од Битола од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 18.30 часот во Полициска станица Ресен, В.Д.(43) од Р.Албанија пријавила дека на ул. „ 29 – ти  Ноември “ во Ресен по претходна расправија била физички нападната од  Р.С. и Ф.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициска станица Битола, вчера во 20:55 часот било пријавено дека на паркинг во Битола дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.С.(43), И.В.(39), Г.Б.(22) од една страна и Н.С.(30) од друга страна, сите од с.Баница- Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 13.10 часот во СВР Струмица, Ж.К.(54) од Струмица пријавил дека околу 08.15 часот на ул.Ленинова во Струмица бил физички нападнат од три непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска во 01.20 часот, во атарот на  струшката населба Теферич, пронајдени и приведени се Б.С.(34) и С.К.(32), двајцата од Струга. Приведувањето е извршено, откако во 01.07 часот во Полициската станица во Струга, од затворот во Струга е добиено телефонско известување дека двете лица избегале од казнено поправната установа каде издржувале затворска казна.

Вчера во 20.00 часот, во СВР Охрид приведен е М.Т.(61) од Охрид. Тој, околу 18.30 часот, на улицата „Абас Емин“, во   алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир  а потоа извршил  физички напад врз Ж.Р. и  С.Т. од Охрид.Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 15.20 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Г.П. врз Љ.Д.(59), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Вчера во 12.30 часот, во полициското одделение во селото Велешта, Н.Д.(47) од струшкото село Октиси, пријавил дека неговиот малолетен син  во селото бил нападнат од куче скитник.

Во Полициската станица Кичево, вчера А.Б.(23) од кичевското с.Бачишта, пријавил дека во атарот на селото бил нападнат од куче скитник. аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!