Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – На 17.05.2020 во 14.20 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на авто кампот „Градиште“, мопед „хамачи“ со струшки регистарски ознаки, управуван од В.К.(35) од Струга, излетал од коловозот и удрил во заштитниот метален браник.

По незгодата, возачот на мопедот бил пренесен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Охрид.

МВР денеска соопшти дека на 16.05.2020 во 12.35 часот на крстосницата од улиците „Киро Крстев“, „12-те Другари“ и „Калница“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „смарт“ со кавадаречки регистарски броеви, управуван од И.А.(39) и мопед „кивеј“ со кавадаречки регистарски броеви, управуван од Т.Н.(19) од с. Ваташа, кавадаречко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот. Бил извршен увид на местото на настанот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(38) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 14.05.2020 во 12.10 часот во просторија на акционерското друштво ,,Македонски пошти“ на улица „Никола Карев“ во Охрид, пријавениот со закана со остар предмет, од вработените одзел пари од дневниот промет. Набргу потоа, тој бил пронајден и приведен, а биле пронајдени и парите и користениот предмет. На Д.С. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е префрлен во казнено поправна установа во Скопје.

На 17.05.2020 во 23.50 часот во дворно место на Б.А.(25) на ул.„Генерал Апостолски Гочо“ во Кочани, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.А. и М.Г.(21) и А.Г.(20), двајцата од с.Пантелеј, затоа што Б.А. со употреба на сила попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, интервенција по пријава за пуштена гласна музика. Додека, М.Г. и А.Г. со секири упатувале закани по животот на полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.05.2020 во 14.30 часот на подрачје на општина Сарај, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ш.П.(26), А.О.(26), двајцата од с.Грчец и Ј.Е.(26) од с.Љубин, скопско, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. При претрес кај Ј.Е. бил пронајден и одземен дрвен предмет. По целосно докуметирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.05.2020 во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со тешки телесни повреди бил донесен повреден И.М.(30) од с.Трновец, кратовско, кој изјавил дека се повредил во 10.30 часот при вршење на градежни работи во угостителски објект на ул.„Кеј 13 ти Ноември“. Увид на место на настанот извршила екипа од СВР Скопје. За настанот бил запознаен трудов инспектор.

На 17.05.2020 во 07.15 часот во Одделението за внатрешни работи Гостивар, Е.Н.(62) од село Горјане пријавил дека на 16.05.2020 во периодот од 10.00 часот до 16.00 часот во бачило лоцирано во атар на с.Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, непознато лице предизвикало пожар на бачило, сопственост на А.Н. (30) од село Горјане. Притоа, во пожарот целосно изгореле три простории, изградени од дрвена конструкција. Според пријавеното, бил извршен и обид за запалување и на просторијата за чување на млечни производи, но пожарот сам се изгасил. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Гостивар. Се работи на расчистување на случајот.

На 17.05.2020 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„5“ во с.Трубарево, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Љ.(39) од с.Трубарево, скопско и Г.К.(27) од с.Шупли Камен, кумановско. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Утрово во 08.20 часот во СВР Скопје, А.Н.(21) од Скопје пријавил дека во 07.45 часот на пракинг на ул.„Беласица“, поради претходно недоразбирање околу сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.05.2020 во 17.00 часот во СВР Скопје, Д.Н.(32) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот, додека бил со неговата вереница Г.О.(25) од Р.Турција, по претходно недоразбирање околу сообраќајот, во с.Глумово, скопско, му бил попречен патот од патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, од кое излегле две лица и почнале да го удираат и оштетуваат неговото патничко возило „јагуар“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.05.2020 во 11.30 часот во Полициската станица Велес, М.А.(37) од Велес пријавила дека околу 10.45 часот на ул.„Ангел Мишев“ таа и нејзината малолетна ќерка биле физички нападнати од С.У.(29) од Велес. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.05.2020 околу 01.00 часот на крстосницата на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Роса Плавева“ настанала физичка пресметка помеѓу В.С.(47) и И.С.(41), од една страна и И.Т.(23) и четири непознати лица, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.05.2020 во 09.30 часот во СВР Тетово, 41-годишната Д.Л. пријавила дека во 06.40 часот на улица „Браќа Миладинови“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 18.05.2020 во 09.30 часот во СВР Тетово, Ц.А.(38) од Тетово пријавил дека околу 07.20 часот на улица „Ѓоце Стојчески“ во Тетово бил каснат од две кучиња скитници во пределот на левата нога.

На 17.05.2020 околу 12.50 часот на ул.„Димитар Влахов“ настанала физичка пресметка помеѓу Б.З.(42), М.А.(37), Е.Х.(20) и 15-годишен малолетник. По настанот лицата се приведени во Полициската станица Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.05.2020 во 23.00 часот во Регионалниот центар за гранични работи – Запад било пријавено дека на место викано „Порој жаба“, настанал пожар при што горела поголема површина на трева. Пожарот се ширел кон борова шума на непристапен терен. За пожарот известен бил Национален парк „Маврово“. Се преземат за гасење на пожарот.

На 17.05.2020 во 08.30 часот во Полициската станица Карпош, воспитувач во Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение пријавила дека од установата се оддалечила штитеничката М.С.(18). Таа и претходно повеќе пати се оддалечувала од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 17.05.2020 околу 12.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Стив Наумов“ во Битола едно лице со употреба на сила одзело пари од В.Ј.(64) од Битола, по што побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.05.2020 во 18.50 часот во СВР Скопје, С.С.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„Славеј Планина“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

На 17.05.2020 во 22.20 часот во СВР Скопје, И.С.(20) пријавил дека во Паркот на Бранители во населба Драчево бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.А.(22) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 30.04.2019 на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, на паркинг просторот од влез за село Староец, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „голф“ и на К.З.(21) од

Кичево, кој управувал со возилото и пријавениот, при што кај Д.А. била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Штип поднесе 10 кривични пријави против Х.Ц.(20), А.Г.(20), В.А.(20), М.Ѓ.(20), Х.Д.(20), Н.Л.(20), Р.Ѓ.(19), Ф.Ц.(22), И.Н.(21), Д.Л.(19), сите десет од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

На 17.05.2020 во Полициската станица Кичево, М.Ѓ.(64) од Кичево пријавила дека околу 11.30 часот на булевар „Ослободување“ во Кичево била касната од куче скитник во пределот десната потколеница. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР: Денешните избори можеби најмирни досега од безбедносен аспект

Меџити: Вреди е апсолутен победник кај Албанците

ДИК: За претседателските избори најголема излезност има во Новаци од 72,76 отсто, а најмала во Липково од 7,35