Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

Поведена истрага за силување против косовски државјанин

Скопје, 10 мај 2020 (МИА) – На 09.05.2020 околу 18,50 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Стрчин“ во Битола, Х.Б.(26) од Битола бил физички нападнат од А.Б. и К.Т. од Битола кои му одземале пари и мобилен телефон, при што Х.Б. се здобил со телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 09.05.2020 околу 21,00 часот на бензинската пумпа на ул.Прилепски бранители во Прилеп од полициски службеници од Полициска станица Прилеп за време на забраната за движење бил лишен од слобода Г.К.(43) од Прилеп, бидејќи физички нападнал полициски службеници при вршење на службени дејства. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.05.2020 во 17,00 часот во с.Радиовце од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода Ж.М. и В.М. (68) од с.Радиовце бидејќи истите омаловажувале и со секира и дрвен предмет физички нападнале полициски службеници при нивно редовно врешење на работи на безбедноста. По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.05.2020 во 05,19 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„376“ настанал пожар при што целосно била опожарена гаража сопственост на Е.И.(50) од Скопје и кров од дуќан сопственост на С.И.(55) од Скопје.Во пожарот Е.И. се здобил со изгореници по што бил пренесен во Градската општа болница„Св.Наум Охридски“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје.

На 09.05.2020 во 13,00 часот во СВР Велес, М.М.(57) од Велес пријавила дека на 08.05.2020 околу 11,30 часот од домот на ул.„А.Палашев“ во Велес се оддалечил нејзиниот син И.М.(30) кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 09.05.2020 во 11,20 часот на крстосница од ул.„Војвода Васил Чакаларов“ и ул.„Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл „кавасаки“ без регистарски ознаки, управуван од Р.П.(25) од Скопје, моторцикл„хонда“ со полициски регистарски ознаки, управуван од полициски службеник, патничко моторно возило„сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. од Скопје и пешак Н.М.(52) од Скопје. Сите учесници во незгодата се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“, Градската општа болница„8-ми Септември“ и Градската општа болница„Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

На 09.05.2020 во 13,30 часот во СВР Скопје, Ќ.О.(43) од с.Долно Коњари,скопско пријавил дека околу 11,50 часот во с.Средно Коњари додека вршел ископ на песок бил физички нападнат од М.Г., А.А., Х.А., Н.Ц. и М.Ц. сите од с.Средно Коњари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 10.05.2020 во 04.00 часот во СВР Скопје, Ф.Р.(29) од Скопје пријавил дека околу 03.30 часот на ул.Перо Наков во Скопје починала М.К.(30) од Тетово со моментално престојувалиште на ул. Перо Наков. Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. Известен е јавен обвинител по чија насока телото е дадено на обдукција. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

На 09.05.2020 околу 22,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. 2 во социјални бараки за бездомници во с. Визбегово по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.М.(34) и Д.М.(31) од Скопје од една страна и Џ.Б.(29) и Е.А.(33) од Скопје од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 ст.3 од ЗПП ЈРМ.

На 09.05.2020 во 15.10 часот полициски службеници од СВР Тетово во Тетово го лишиле од слобода Р.Д.(53) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за стоерно кривично дело„тешка телесна повреда“.На 09.05.2020 во 14.30 часот во Клиничкиот центар Тетово бил донесен повреден А.Д.(73) од Тетово кој се повредил така што бил нападнат од пријавениот по претходна расправија на ул.Косовска. Од доктор во Клиничкиот центар Тетово на А.Д. му била констатирана тешка телесна повреда. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.05.2020 во 18.15 часот полициски службеници од СВР Тетово во с.Теарце го лишиле од слобода А.Е.(35) од с.Теарце, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.05.2020 во 10,20 часот во СВР Тетово , З.С.(52) од с.Чегране пријавил дека на пат во с.Волковија во близина на поранешна живинарска фарма го забележал Г.Н.(39) од с.Чегране кој, според пријавеното, се повредил од пад од кров од објектот на поранешна живинарска фарма. Лицето со возило на итна медицинска помош било пренесено во Клинички центар Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се работи на расчистување на случајот.

На 09.05.2020 во 18.30 часот во Полициска станица Гостивар, Х.С.(20) од с.Добридол пријави дека околу 16.20 часот во Гостивар по претходна расправија бил физички нападнат од Ќ.Л. и други две непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. рп/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме