Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – На 07.05.2020 во 19:57 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Панче Неделковски“ настанал пожар во паркирано патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Т.(42) од Скопје. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.05.2020 во 17:35 часот во СВР Скопје, С.Х.И.(36) од Скопје пријавила дека околу 17:00 часот, по претходна расправија во Старата скопска чаршија, таа и нејзината мајка З.Х.И. биле физички нападнати од Е.Х. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 07.05.2020 во 14:55 часот во СВР Скопје, С.А.(75) од Скопје пријавил дека на ул.„Вера Јоциќ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

На 07.05.2020 во 18:00 часот на ул.„Сутјеска“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода В.К.(31) и С.А.(25), двајцата од Македонска Каменица, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По комплетирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М.(66) од с.Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 17.04.2020 пријавениот, во телефонски разговор со оштетениот М.Ќ.(60) од Тетово, упатил закани кон него и кон неговото семејство, а во повеќе наврати пријавениот, преку социјалната мрежа „Вибер“ на оштетениот му испраќал пораки со заканувачка содржина, поради нерасчистени должничко-доверителски односи.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.З.(66) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”. Пријавениот, од својот профил преку социјалната мрежа „Фејсбук” на оштетената М.С.(70) од Делчево во повеќе наврати ѝ испратил пораки со недолична содржина, презел и постирал слика од оштетената.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.Г.(53) и С.Г.(53), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“. Пријавените, во својство на инвеститори и сопственици, на локација во Мислешево, во текот на 2019, без соодветно одобрение, започнале со изградба на објект за домување и извршиле надградба на постојаната градба. Од извршениот инспекциски надзор било донесено решение со кое на инвеститорите им било наложено објектот да го отстранат во определен рок.

СВР Тетово, СВР Струмица и СВР Штип поднесоа 20 кривични пријави против: Д.Ж.(26) од Скопје, А.И.(23), А.Д.(21), 16-годишник, тројцата од Тетово, Р.М.(56) од с.Воче, гостиварско, Н.Ш.(58) од Гостивар, Ж.Ѓ.(60) од с.Лубница, радовишко, В.С.(65) од Радовиш, Р.Ј.(19), В.М.(20), Ј.С.(46), В.С.(43), 17-годишник, сите петорица од Кочани, З.Ј.(42), Д.Т.(24), двајцата од Свети Николе, Т.М.(43), В.Т.(60), двајцата од с.Куклица, кратовско, М.М.(24), Д.М.(55), двајцата од Делчево и Г.Ц.(46) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, во период од 04.04.2020 до 06.04.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Тетово поднесе кривична пријава Ј.К.(53) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 02.04.2020 пријавениот, сопственик на угостителски објект во с.Врапчиште, не постапил според прописите или наредбите со цел спречување на ширење на заразната болест COVID -19 и заштита на населението, односно угостителскиот објект бил отворен, по што полициски службеници, во соодејство со инспектори од Државен пазарен инспекорат, при извршена контрола, го затвориле објектот.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Б.П.(32) од Скопје, кој работи во Р.Германија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Пријавениот, по пат на информатички систем, на 06.05.2020 до електронската пошта на функционер од политичка партија и до електронска пошта на Владата на Р.С.Македонија испратил текст со говор на омраза. Потоа, Б.П. на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил постови во кои имало говор на омраза, а се однесуваат на претседател на политичка партија. Исто така, истиот ден Б.П. на објавен пост на „Фејсбук“ профил на една ТВ куќа имал објава во која се ширел говор на омраза. фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер