Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Во Полициска станица Прилеп вчера околу 15:00 часот било пријавено дека од куќа на ул.„Беровска“ во Прилеп, во сопственост на С.А.(23), со воздушна пушка „норика“ кал.4,5мм, сопственост на А.З. од Прилеп, која ја поседувал со дозвола, С.А. пукал кон куче скитник во неговата бавча, но го погодил неговиот братучед Н.А.(47) во пределот на главата. Н.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје вчера ВО 13:49 часот било пријавено дека во простории на АД „Македонски пошти“ под Железничката станица Скопје, на ул.„Никола Карев“, по претходно недоразбирање, непознато лице со метална шипка им се заканувало на вработените. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
А.П.(63) од Струмица вчера во 10:00 часот во Полициска станица Струмица пријавил дека од неговата куќа се оддалечил И.М.(82) од Р.Бугарија, со привремен престој во Струмица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
В.А.(55) од Скопје, вчера во 6:40 часот во Полициската станица Карпош пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ била касната од куче скитник во пределот на левата надколеница.
Д.Т.(42) од Скопје вчера во 20:20 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 17:00 часот, во близина на спортски стадион на ул.„Алија Авдовиќ“, по претходна расправија околу сообраќајот, бил физички нападнат од неколку непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Вчера во 23:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „2“ во с.Сарај, скопско, поради претходно нарушени меѓусемејни односи и меѓусебна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.И.(25), Д.И.(38) и С.И.(29), од една страна, и И.Д.(38), од друга страна, сите од с.Сарај. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од ЗППЈРМ.
А.С.(55) од Скопје вчера во СВР Скопје пријавила дека околу 17:30 часот на ул.„Пере Тошев“, по претходна расправија, била физички нападната од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривични пријави против Б.И.(26) од с.Подареш, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 28.04.2020 пријавениот, во куќа во с.Подареш, каде живее со своите родители, ја нападнал неговата мајка А.И., а подоцна ги нападнал и полициските службеници од ОВР Радовиш при неговото лишување од слобода.
Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против В.М.(46) од Р.Косово, со привремено живеалиште во с.Крушевица, Росоман, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. На 02.05.2020 во атар на општина Росоман, пријавениот со употреба на сила се обидел да изврши обљуба над малолетник.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(59) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот од 2010 бил вработен во ЈП „Куманово – Паркинг“, со завршен трети степен средно образование за профил „електромеханичар“, за кое поседувал диплома, со цел да се унапреди во службата на работно место за кое бил потребен завршен четврти степен образование, набавил фалсификувана диплома за положен завршен испит, со кој се здобил со четврти степен стручно образование од образовен профил „енергетичар“ во училиште во Скопје. Фалсификуваната диплома во 2016 ја приложил кај нотар од Куманово и во ЈП „Куманово – Паркинг“, а врз основа на истата бил склучен договор за вработување на пријавениот за работно место контролор на паркирање.
СВР Велес, СВР Куманово, СВР Штип, СВР Охрид, СВР Тетово, СВР Скопје и СВР Струмица поднесоа 79 кривични пријави против: П.Т.(30), В.Т.(29), Е.Б.(34), В.Н.(53), С.Н.(27), М.Р.(22), А.Д.(34), Т.Д.(38), Н.П.(19), С.М.(42), Ш.Н.(31), сите 11 од Велес, Р.А.(23), В.Н.(26), А.М.(35), П.С.(54), Д.П.(62), сите петмина од Кавадарци, Г.С.(49), Љ.Ш.(34), Е.А.(25), Н.Р.(28), сите четворица од Штип, М.К.(19) од Куманово, М.М.(22) од Кратово, Е.И.(29), Њ.М.(46), Н.Ѓ.(30), тројцата од Делчево, Б.М.(38), Е.Ј.(48), двајцата од Кичево, Д.Ш.(59) од с.Јаорец, кичевско, М.А.(33), А.Р.(24), двајцата од Тетово, А.И.(20), З.Т.(57), М.М.(23), А.С.(24), сите четворица од Тетово, Н.А.(25) од с.Бродец, тетовско, Е.Т.(62), Е.Ј.(22), О.Н.(39), Д.А.(42), Ф.С.(24), Н.М.(31), Б.Г.(36), И.Ј.(29), М.Б.(50), Д.В.(49), Е.М.(30), Р.С.(48), З.С.(33), Н.Б.(43), А.Т.(24), М.Ј.(55), А.А.(33), С.Ш.(20), Н.Т.(35), Г.М.(46), А.М.(45), сите 21 од Скопје, Џ.Д.(30), М.М.(21), М.Т.(22), В.Ј.(38), С.Ј.(18), сите пет од Струмица, М.Т.(38) од Кочани, С.Д.(41) од с.Вевчани, С.Т.(48) од с.Курбиново, ресенско, И.М.(27), Е.Р.(29), двајцата од с.Градашорци – Василево, Ж.К.(67), Г.П.(68), двајцата од с.Мокрино – Ново Село, Д.А.(54) од с.Смолари – Ново Село, А.А.(27) од с.Градашорци – Василево, С.Р.(22) од с.Банско, струмичко, С.Г.(21) од с.Просениково – Василево, А.Л.(25) од Валандово, М.К.(40) од с.Муртино, струмичко, И.М.(62) од Неготино, кои во период од 02.04.2020 до 06.04.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење; потоа Д.Д.(57) од с.Габрово, делчевско, кој на 16.03.2020 не се придржувал кон задолжителната самоизолација во времетраење од 14 дена, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и Б.Т.(33), Г.Т.(54), Р.Т.(17), тројцата од Кочани кои во период од 02.04.2020 до 06.04.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. вј/