Утрински Весник
Македонија

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 6 мај 2020 (МИА)На 05.05.2020 во 20:45 часот во Полициска станица Делчево, И.С.(44) од Делчево пријавил дека во с.Тработивиште настанал пожар во куќа сопственост на Љ.Т.(52), при што целосно била опожарена сушара за шумски плодови и печурки. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Делчево.

На 05.05.2020 во 11:45 часот во Полициска станица Драчево, М.П.(30) од Скопје пријавила дека од нејзиниот дом се оддалечил нејзиниот дедо Б.Т.(78) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во 15:33 часот во СВР Скопје, С.Н.(47) од Скопје вчера пријавила дека околу 13:40 часот, додека извршувала работни задачи како обезбедување во Управа за матични книги на ул.„Кеј 13 Ноември“, била физички нападната од едно лице. С.Н. била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера, М.Л.(75) од Кичево, во полициската станица пријавила дека на ул.„Методија Стефаноски“ во Кичево, била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Утрово во 02:00 часот на ул.„Костурски херои“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, за време на забраната за движење, ги лишиле од слобода Р.С.(37) и Д.Р.(36), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“ и прекршок по чл.80 од Законот за оружје. Притоа, кај истите биле пронајдени разни предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривичното дело и нож. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера, Х.М.(24) од Кичево, во полициската станица пријавила дека нејзината малолетна ќерка на ул.„Влашки пат“ во Кичево, била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 16-годишник од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 16.01.2020 на ул.„11 Октомври“ во Кичево, полициски службеници при преглед кај него пронашле и одзеле марихуана.

СВР Струмица и СВР Битола поднесоа 39 кривични пријави против: Д.А.(34), С.А.(33), двајцата од с.Дедино – Конче, Д.И.(34) од с.Воиславци, радовишко, Б.К.(27), Н.С.(25), М.М.(61), Е.Ј.(34), Ѓ.К.(79), И.С.(20), М.З.(25), Д.И.(29), Т.Т.(66), А.Љ.(45), Ѓ.Ч.(63), Л.И.(19), Е.И.(47), сите од Струмица, Ј.Ј.(22), Ѓ.К.(43), двајцата од с.Добрејци, струмичко, Ѓ.П.(46) од с.Двориште, беровско, М.С.(25) од с.Трубарево, скопско, Ј.И.(63) од Скопје, И.З.(25) од Василево, струмичко, Ѓ.Т.(29) од с.Сарај, скопско, В.М.(43) од с.Пиперево, струмичко, Н.И.(55), Т.Ј.(22), двајцата од с.Негорци, гевгелиско, К.Д.(43), Д.И.(44), двајцата од Гевгелија, В.Р.(26) од с.Стојаково – Богданци, К.А.(23) од с.Јосифово, валандовско, Ѓ.К.(62) од с.Прдејци, гевгелиско, С.Б.(43) од Теранци, Чешиново – Облешево, С.И.(39) од с.Селемли – Богданци, кои во периодот од 30.03.2020 до 03.04.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење; З.Г.(38) и Л.Г.(30) од Струмица, кои на 20.03.2020 не се придржувале кон задолжителната самоизолација во времетраење од 14 дена; С.Б.(65) од Струмица, кој на 21.03.2020 не се придржувал кон задолжителната самоизолација во времетраење од 14 дена; В.Ј.(22) од с.Дабиле – Струмица, кој на 20.03.2020 не се придржувал кон задолжителната самоизолација во времетраење од 14 дена; И.Н.(21) од с.Василево, струмичко, кој на 20.03.2020 не се придржувал кон задолжителната самоизолација во времетраење од 14 дена и Б.Т.(31) од с.Попочево, радовишко, кој на 20.03.2020 не се придржувал кон задолжителната самоизолација во времетраење од 14 дена, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег