Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР го документирала случајот со постот на Б.Т. и го информирало Обвинителството

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.Н.(40) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.Тој, на 27.04.2020 во 21.50 часот на бул.„АСНОМ“ во Охрид, физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства.

Вчера во 09.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека при експлозија на плинска боца, настанал пожар во куќата на 74-годишниот М.Х., на ул.„146“ во Тетово. М.Х., обидувајќи се самиот да го изгасне пожарот, се здобил со повреди на лицето и рацете, по што бил префрлен во Клиничка болница Тетово. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот бил целосно изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Тетово.

Во Полициската станица Кочани вчера во 15.27 часот било пријавено дека околу 14.45 часот, при изведување на градежни работи на куќа во изградба на ул.,,Бел Камен“ во Кочани, Ј.С.(63) од Кочани паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Општата болница Кочани за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.

Завчера во ОВР Кичево е приведен Р.А.(33) од Кичево, кој во 19.10 часот, за време на забраната за движење, е затекнат на улицата „11 Септември“ во Кичево и при преглед кај него е пронајдена кафеава прашкаста материја. Истата е одземена и предадена на вештачење по што, против него, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.Ж.(49) од Струга. Тој, на 12.04.2020 година, на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил и јавно споделил фотографии со лични податоци од членови на едно семејство со содржина дека  биле инфицирани со коронавирус.

Вчера околу 14.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Наум Охридски“ со телесни повреди била донесена З.А.(83) од Скопје. На местото на настанот излегле полициски службеници кои констатирале дека на ул.„Катлановска“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на З.А., при што бил  опожарен дел од инвентарот од кујната и дневната соба. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

На 28 април Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР на РСМ, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“ по чл.144 ст.4 поднесе кривична пријава против С.М.(45) од Скопје. Пријавениот, на својот профил на социјалната мрежа Facebook на 24.04.2020 во 09:25 часот насочена кон владин функционер.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.М.(21) од дебарското село Отишани, А.Џ.(20) од селото Џепиште, О.И.(29) и К.Н.(20), двајцата од селото Долгаш. Пријавените постапиле спротивно на одлуката за постоење кризна состојба, со која е забрането движење односно влез и излез на подрачјето на Дебар и Центар Жупа, и на 05.04.2020 самоиницијативно го напуштиле подрачјето на Дебар и преку планина се упатиле кон Струга. На 06.04.2020 околу 13 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги затекнале во патнички автомобил на регионалниот пат Струга-Охрид, во близина на селото Подмолје.

Вчера во 18.39 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Наум Охридски“ бил донесен Р.А.(28) од с.Арачиново, скопско, со повреда од остар предмет, при што му била констатирана тешка телесна повреда. На местото на настанот излегле полициски службеници кои констатирале дека во атар на с.Брњарци, Р.А. бил нападнат со нож од Ј.Е. од с.Арачиново. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

Денеска околу 05.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничката станица Скопје настанал пожар на електрична локомотива. Пожарот е изгаснат од машиновозачот.

Вчера во 17.45 часот во СВР Скопје, С.Т.(58) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка С.Т.(35) од Скопје, која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во СВР Скопје, Б.А.(25) вчера во 13 часот од Скопје пријавила дека во н.Хиподром била касната од куче скитник  во пределот на левата нога.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од с.Сарандиново, Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 20.12.2019 околу 23.00 часот, во ловиште „Дабница“ во атар на с.Дупјачани, ловочувари во Ловечко здружение од Прилеп пронашле фрлена ловна пушка ,,RIF Favier Armes St. Etienne“ калибар 12, која пријавениот нелегално ја поседувал.ир

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

12-годишно дете од Петровец е заразено со морбили, семејството одбива хоспитализација

Училишен пробор се купува само со врски: По замзнувањето на цените маркетите во Охрид ги повлекоа производите од рафтовите

Британец пронајден мртов во хотел во Тетово