Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

Приведени три лица од Трубарево поради физички напад и грабеж

Скопје, 27 април 2020 (МИА)Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ поднесе кривична пријава против В.П.(31) од Албанија и Л.М. (26) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 26.02.2020 В.П. извршил набавка и транспорт на марихуана од територијата на Република Албанија на територија на Република Северна Македонија, која била наменета за продажба, каде во својство на краен купувач се јавил Л.М. Притоа В.П. и Л.М., врз основа на претходен договор, оствариле средба на територија на Струга, каде било извршено предавањето на марихуаната спакувана во најлонска ќеса, која требало да се пренесе на територија на Гостивар, за што Л.М. ги ангажирал Д.С., Е.Н. и Ф.А. Потоа В.П. се упатил кон Граничниот премин „Ќафасан“, а останатите во правец кон Гостивар. Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кичево во населбата Горица, во близина на бензинска пумпа во Кичево, ги сопреле патничкото возило „ауди А3“, управувано од Л.М., и патничкото возило „опел мерива“, управувано од Д.С. и над нив бил извршен преглед, при што под совозачкото седиште на патничкото возило „опел мерива“ била пронајдена и одземена една најлонска ќеса со 1655 грама марихуана. На 23.04.2020 од полициски службеници бил извршен претрес во домот на Л.М., каде биле пронајдени и одземени две дробилки и телефон, по што Л.М. бил лишен од слобода и од судија на претходна постапка одредена му била мерка притвор.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „тешка кражба“ и три кривични дела „тешка кражба во обид“. Пријавениот, во временскиот период од октомври 2015 до декември 2018 година, кривичните дела ги извршил во станови во Тетово, на тој начин што со тврд предмет насилно ги отворал влезните врати и одзел парични средства, златен накит, компјутери, мобилни телефони и часовници. Пријавениот причинил материјална штета во износ од околу 327.300 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Б.Б.(25) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 16.08.2019 на ул.„8 Септември“ во Дебар при преглед на Б.К.(22) и А.Г.(27), двајцата од Дебар, била пронајдена и одземена мешавина од тутун и марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(33) од с.Требош, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Пријавениот во текот на 2020, во повеќе наврати, на девојка од Тетово ѝ упатувал закани дека ќе објави работи за неа доколку не му исплатела одредена сума пари. Пријавениот на 24.03.2020 отишол во куќата на оштетената, каде од неа и нејзиниот татко барал да му дадат пари, а при тоа со себе носел и пиштол. На 25.03.2020 од полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот во с.Требош, тетовско, при што во дворот на куќата, во паркирано патничко возило „поло“, сопственост на неговата сопруга, под возачкото седиште бил пронајден и одземен пиштол марка „хартфорд“.

СВР Битола поднесе 14 кривични пријави против Р.Р.(45), С.Ќ.(22), Ш.В.(26), К.Ш.(27), А.М.(47), Р.Р.(46), С.М.(37), Т.Ј.(41), А.Ц.(49), А.Ш.(39), В.Б.(44), Р.А.(32), С.Џ.(36), сите од Прилеп и Џ.А.(26) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените лица, во периодот од 31.03.2020 до 01.04.2020, не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

На 26.04.2020 во 00:50 во с.Делогожда, струшко, од полициски службеници од Полициска станица Струга, за време на забраната за движење, бил лишен од слобода Д.Ж.(48) од с.Делогожда, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, бидејќи на 25.04.2020, во периодот од 23.30 до 23.55 часот, Д.Ж. предизвикал пожар на две патнички возила паркирани во дворот на Полициска канцеларија Делогожда. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Струга. По целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.04.2020 во 17.51 часот во СВР Охрид било пријавено дека во поранешно земјоделско претпријатие во Охрид, на место викано „Блато“, настанал пожар на површина од околу 3 хектари со трска. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Охрид.

На 27.04.2020 во 02.30 часот во СВР Скопје, С.Г.(22) од Скопје пријавила дека околу 01.50 часот во нејзиниот дом на ул.„Финска“ во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот татко С.Г., кој бил во алкохолизирана состојба. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.04.2020 во 11.00 часот во СВР Скопје, А.Д.(53) од Скопје пријавил дека на 25.04.2020 во 23.55 часот на патека на кеј на ул.„Беласица“ во Скопје бил физички нападнат од негов познаник А.Е.(30) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

На 26.04.2020 околу 12.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на место викано „Ќупријан атар“ во с.Батинци, скопско, К.М.(66) и И.М.(39), двајцата од с.Батинци, по претходно недоразбирање, физички го нападнале А.А.(53) од с.Јаболце, скопско. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Али Ахмети: Ако излезам на улица, нема враќање!

МЕЏИТИ: Во Кавадарци инвестираме над еден милион евра во подобрување на водната инфраструктура

Од болницата „Пирогов“ пуштени уште тројца тешко повредени во пожарот во Кочани