Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР го документирала случајот со постот на Б.Т. и го информирало Обвинителството

Скопје, 26 април 2020 (МИА)На локалниот пат Милениумски крст – Средно Водно, вчера во 13:30 часот, Д.Г. (25) од Скопје управувајќи велосипед „трек“ удрил во пешакот Б.Ф. Ш. (65) од Скопје. Б.Ф.Ш. со возило на итна медицинска помош била пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники Мајка Тереза, каде што и биле констатирани тешки телесни повреди, а велосипедистот Д.Г. со друго возило бил пренесен во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ – Скопје каде по укажана лекарска помош биле констатирани телесни повреди. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 24-ти овој месец во 16:05 часот во Полициска станица Струга, Ф. Ж. (31) од село Велешта, струшко, пријавил дека истиот ден околу 15:15 часот му била загрозена безбедноста од И.Л. од село Радолишта, струшко односно, според пријавителот, тој додека бил заедно со негов роднина на ул. „Партизанска“ во Струга, покрај нив во непосредна брзина со голема брзина поминал џип „шевролет“ со странски регистарски таблички, управуван од И.Л. и се обидел да ги удри. Потоа, според пријавеното, Ф.Ж. управувајќи го своето патничко возило „голф“ на кружниот тек на ул. „Партизанска“ бил пресретнат и запрен од И.Л. кој најпрво започнал да упатува навредливи зборови кон Ф.Ж. и почнал да удира по неговото возило по што настанала меѓусебна физичка пресметка. Увид на лице место извршиле полициски службеници од ПС-Струга и НККР-Струга, И.Л. е лишен од слобода и се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера околу 12:55 часот во Единицата за известување и команда Скопје бил пријавен пожар на куќа лоцирана на ул. „Мирче Мацан“. Пожарот е изгаснат од страна на екипа од БППЗ. Се работи на целосно расчистување на случајот. дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор