Скопје, 20 април 2020 (МИА) – Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Oсновното јавно обвинителство–Скопје поднесе кривична пријава против Б.Т.(68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по чл.144 ст.4 и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ предвидено и казниво по чл.394-г од КЗ. Имено пријавениот преку социјалната мрежа Фејсбук на 13.04.2020 објавил статус со навредлива и заканувачка содржина кон претседател на политичка партија.
Вчера во Сектот за внатрешни работи во 08.50 часот било пријавено дека во периодот меѓу 18 и 19 април на ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје непознати сторители извршиле тешка кражба во маркет. Имено лицата кривичното дело го извршиле на тој начин што со употреба на погоден предмет ја отвориле вратата, по што од канцеларија одзеле сеф со пари и производи. Се работи на расчистување на случајот.
Вчера на 19 април во 18,30 часот било пријавено дека во село Ранковце, на место викано “Млин“, дошло до меѓусебна пресметка помеѓу М.Б.(33) од една страна и О.П.(23), Е.П.(20) и уште едно 17 годишно лице од друга страна сите од с.Ранковце. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 19 април во 14,45 часот 34-годишна жена пријавила дека на 18.04.2020 околу 23,00 часот во семејната куќа во с.Папрадишта била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се работи на расчистување на случајот.
Вчера во 19,00 часот било пријавено дека во двор во с.Будинарци-беровско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу В.П.(29) и А.А.(36) двајцата од с.Будинарци. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. оџ/