Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – На 12 април 2020 околу 14.15 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Сопотско, ресенско, настанал пожар во оџак од куќа, сопственост на Б.Ќ.(62), при што биле опожарени покривната конструкција и катот од куќата. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Ресен. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Ресен.

На 12 април 2020 околу 13.10 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово, додека траела забраната за движење, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода И.С.(29) од тетовско Слатино, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, на И.С. ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.

На 12 април 2020 околу 13.40 часот, за време на забраната за движење, на ул.„176“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Р.А.(77) од Тетово, бидејќи при преглед кај него е пронајден пиштол со рамка со 7 куршуми, калибар 7,65 милиметри, кој го поседувал без дозвола. Р.А. е задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот и ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.

На 12 април 2020 околу 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Брсјачка буна“, У.Д.Е.(41) од Скопје била физички нападната од А.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12 април 2020 околу 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Пелагонија“ во Скопје, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(20), од една страна, и Е.Ј.(28), Ј.Ј.(21) и Е.Ј.(26), од друга страна, сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Б. (29) од с.Драчевица, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка телесна повреда“. На 29 декември 2019, пред продажен објект на ул.„Борис Трајковски“, додека оштетениот М.М.(40) од с.Студеничани, скопско, чекал автобус на автобуска постојка, пријавениот физички го нападнал, нанесувајќи му тешка телесна повреда.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.С.(51) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување исправа”. На 23 декември 2019 на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека во патната исправа на пријавениот биле избришани два поништени штембили.

СВР Скопје поднесе 23 кривични пријави против Б.Б.(20), А.Н.(36), И.В.(34), Н.П.(36), И.П.(36), Н.Ј.(56), Ф.К.(30), Б.Д.(25), А.Е.(33), Џ.А.(27), Џ.А.(39), Р.Џ.(52), А.Б.(27), Р.Ј.(24), Б.Ш.(30), А.Р.(30), Е.Ј.(35), Б.Е.(21), М.Е.(35), Д.Д.(36), Г.Ј.(43), Б.Ј.(22), Т.Ц.(22), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените во периодот од 25 март 2020 до 28 март 2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

На 12 април 2020 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ од Завод за рехабилитација бил донесен З.С.(46) од Скопје, во лоша здравствена состојба, кој по направена реанимација, починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По насока на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор