Скопје, 11 април 2020 (МИА) – На 10.04.2020 околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„7“ во с.Кучевиште, скопско, по претходна расправија поради меѓусебна нетрпеливост, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Г.(29), С.Г(51) и М.Г.(63), од една страна, и М.Г.(74), С.Г.(47), В.Г.(42) и С.Г.(49), од друга страна, сите од с.Кучевиште, при што со тешки телесни повреди се здобиле М.Г.(74) и М.Г.(63). Повредените биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.04.2020 околу 21.20 часот на ул.„Панајот Гиновски“, од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода О.В.(32), кој бил во алкохолизирана состојба и С.В.(38), и двајцата од Скопје, бидејќи при преземање на службени дејствија од страна на полициските службеници, по претходна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, пријавените се однесувале агресивно кон нив. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.4, чл.5, чл.6 и чл.13 од ЗППЈРМ.
На 10.04.2020 во 14.00 часот во СВР Скопје, И.Ј. пријавил дека на место викано „Бара“, помеѓу с.Матејче и с.Арачиново, скопско, настанал пожар на непристапен терен при што била опожарена нискостеблеста шума. Противпожарната единица од Скопје презеде мерки за гаснење на пожарот.
На 10.04.2020 во 13.55 часот во Полициска станица Гостивар, Д.К(37) пријавил дека во куќа на ул.„ЈНА“ во Гостивар го пронашол починат неговиот татко К.И.(68) од Гостивар, кој според пријавеното имал претходни здравствени проблеми. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
На 11.04.2020 во 01.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„52“, во населба Радишани, настанал пожар во патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Ц.(68) од Скопје. Пожарот бил изгаснат, а увид се врши.
На 10.04.2020 во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека позади пазарче во близина на трговски центар на бул.„Јане Сандански“, поради меѓусебно недоразбирање, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.В.(67) од с.Долно Лисиче, скопско, и Д.Д.(45) од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.
На 10.04.2020 во 01.20 часот на ул.„Коце Металец“ полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(48) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело „телесна повреда“, казниво по чл.130 ст.2 од Кривичниот законик, а постапувајќи по претходна пријава од Д.Д.(41) од Скопје, дека претходниот ден околу 19.00 часот, во семејниот дом на ул.„Коце Металец“, после меѓусебна расправија, била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг С.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.04.2020 во 10.45 часот во СВР Куманово, Н.П.(39) од с.Алгуња, Нагоричане, пријавила дека околу 10.30 часот кај бензинска пумпа на ул.„Доне Божинов“ во Куманово била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.С.(41) од с.Режановце. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
На 10.04.2020 во во 19.10 часот во СВР Куманово, Р.К. од с.Слупчане, кумановско, пријавил дека настанал пожар над с.Слупчане, при што била опожарена борова шума, дива депонија и сува трева. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Куманово. Увид на местото настанот извршила екипа од СВР Куманово.
На 10.04.2020 околу 05.00 часот во СВР Кумaново било пријавено дека во рудник во близина на Крива Паланка, додека извршувал работни задачи, се повредил М.Ј.(50) од с.Узем, кривопаланечко. Тој бил префрлен во Здравствен дом Крива Паланка за укажување на лекарска помош. За настанот е запознат Јавен обвинител и Трудов инспектор.
На 10.04.2020 во 17.25 часот во Полициска станица Кичево, Е.П.(43) пријавил дека околу 17.00 часот на ул.„Прилепска“ во Кичево неговата сопруга С.Р.(22) и неговиот малолетен син биле физички нападнати од И.Д.(48) од Кичево. Сочинет е записник за констатиран прекшок по чл.12 ЗППЈРМ.
На 10.04.2020 во 17.00 часот во СВР Струмица, А.Р.(59) од с.Белотино, струмичко, пријавила дека во периодот од 08.03.2020 до 10.04.2020 непознато лице со употреба на сила влегло во црквата во с.Белотино и одзело пари. Извршен увид од екипа на СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.04.2020 во 07.50 часот на ул.„Н.Бутникошарева“ кај Градски пазар во Велес од полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода И.Ѓ.(39), од с.Росоман, кавадаречко, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Тој, при обид за утврдување на идентитет од полициските службеници, физички нападнал полициски службеник и се обидел да го напушти местото на настанот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 10.04.2020 околу 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека при изведување на градежни работи на експресен пат с.Ранковце – Крива Паланка, во атар на с.Длабочица, се повредил работникот О.С.(40) од Крива Паланка. Тој бил е префрлен во Здравствен дом Крива Паланка за укажување на лекарска помош. За настанот е запознат Јавен обвинител и Трудов инспектор.
На 10.04.2020 околу 13.40 часот во Полициска станица Неготино било пријавено дека З.Б. го пронашол починат неговиот син Ф.Б.(33), во семејната куќа на ул.„Радњанска“ во Демир Капија. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Одделение за внатрешни работи Неготино и лекар од здравствена установа, каде првично бил пријавен случајот. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција на Институт за судска медицина Скопје.лв/