Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен ДПЛ

Дваесетгодишник од Делчево со украдена картичка подигал пари од банкомат

Скопје, 9 април 2020 (МИА)На 8 април 2020 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, кај место викано „Дршница“, во работилница сопственост на Ќ.Б.(34), настанал пожар. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

На 8 април 2020 во 09.10 часот во Полициска станица Карпош било пријавено дека на кејот на реката Вардар бил пронајден починат Н.А.(54) од Скопје. Според пријавеното, додека Н.А. трчал, му се слошило и паднал. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

На 8 април 2020 во 17.00 чaсот при вршење контрола на ул.„Шишка“ во Кавадарци, полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „опел астра“, со кавадаречки регистарски ознаки, но истото не застанало. Набрзо возилото е пронајдено во с.Марена, а во него биле Б.Т.(51), В.Ј.(30) и Ј.В.(46). Притоа, В.Ј.(30) се обидел да избега, при што паднал и се повредил. Тој бил префрлен во болницата во Кавaдарци, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 8 април 2020 во 19,00 часот на ул.“Дими Хаџи Димов“ во Скопје пронајдени биле три лица – мигранти: Ј.Б.(24) од Сирија, К.Б.(33) од Палестина и Р.М.(35) од Мароко. Тие биле приведени во Полициската станица Кисела Вода, за понатамошна постапка.

На 7 април 2020 во 13.00 часот во Одделение за внатрешни работи Берово, У.К.(51) од с.Црник, беровско, пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга А.К.(37). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 08 април 2020 во 06.55 часот на патниот правец Кавадарци – Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко комбе „цитроен џампер“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник Р.К., товарно моторно возило „ивеко турбо дајли“, со неготински регистарски ознаки, управувано од Т.Л.(36) од с.Ваташа, кавадаречко, и патничко возило „ауди А8“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.К.(56) од Кавадарци. Во незгодата со телесни повреди се здобиле полициските службеници Р.К. и неговиот сопатник М.В.. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци.

На 8 арил 2020 околу 11.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во маркет во тетовското село Пршовце, сопственост на В.Ј.(31) од Тетово. Повредени лица нема, а со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран. Увид извршила екипа од СВР Тетово.

На 8 април 2020 околу 16.30 часот во СВР Скопје, З.К.(62) од Скопје пријавил дека околу 15.45 часот на ул.„Нерешка“, по претходна расправија околу сообраќајот, бил физички нападнат од непознато лице, при што му било оштетено патничкото возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син Д.К. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 8 април 2020 во 20.15 часот во Полициска станица Карпош било пријавено дека од Јавна установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение – организациона единица Влае се оддалечила нивната штитеничка М.С.(16) од Скопје, која и претходно во неколку наврати ја напуштала установата и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 8 април 2020 во 07.30 часот во Полициска станица Бит пазар било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ е пронајден М.С.(15) од Скопје, за кој на 29 март 2020 било пријавено дека се оддалечил од домот.

На 8 април 2020 околу 14.40 часот во СВР Скопје, З.З.(40) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот во училница на Градежниот факултет на бул.„Партизански одреди“ во Скопје настанал пожар, при што биле опожарени електрична инсталација и инвентар. Пожарот е изгаснат од Противпожарнатa единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 8 април 2020 во 09.10 часот на патот за с.Кнежје, светиниколско, при преземање на службени дејствија, а поради констатиран прекршок, Х.С.(30) не ја почитувал наредбата за запирање и со патнички автомобил „венто“, со светиниколски регистарски ознаки, го прегазил полицискиот службеник во пределот на ногата и се оддалечил од местото. Х.С. бил лишен од слобода и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Скопје поднесе 63 кривични пријави против: Ф.А.(21), Р.А.(21), А.Ц.(27), Е.И.(25), А.Х.(36), А.Ш.(20), Б.Н.(37), Р.Е.(22), А.Т.(29), А.Б.(30), А.С.(30), Е.Г.(26), Е.Л.(29), Ф.Р.(43), А.С.(21), Е.И.(22), А.К.(39), М.Р.(24), И.А.(44), А.Ј.(41), М.Б.(25), Ф.М.(69), Е.М.(30), К.А.(26), Т.А.(30), Б.Р.(26), Е.Ј.(24), Е.С.(24), П.С.(51), Ф.С.(22), Е.С.(31), М.Ф.(31), С.И.(49), Е.Т.К.(33), М.Н.(27), Ш.Х.(45), Љ.К.(66), С.Н.(42), М.Б.(28), Ф.А.(35), М.Б.(19), С.С.(25), А.Д.(18), С.О.(55), З.Т.(42), А.А.(55), С.А.(46), Е.М.(21), А.М.(22), М.А.(22), М.М.(34), Б.А.(20), Е.М.(27), Џ.Р.(30), Р.И.(42), Н.К.(48), К.Р.(42) и четири малолетни лица, сите од Скопје, против Б.П.(43) од Велес и В.В.(25) од Косово, сите поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените лица во периодот од 23.03.2020 до 31.03.2020 година, не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме!

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Италијанската докторка која го спаси Симон лично дојде во Штип да го прегрне