Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Одделението за криминалистичка полиција Штип поднесе кривична пријава против А.И.(29) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 24.03.2020 пријавениот побарал интервенција на полиција, a по пристигнување на полициските службеници на местото на настанот, пријавениот, кој бил под дејство на алкохол, почнал агресивно да се однесува и физички нападнал еден од полициските службеници.
Во Одделението за внатрешни работи Кавадарци, вчера во 12:50 часот, А.Б.(42) од Кавадарци пријавил дека во куќа на ул.„11-та Бригада“, во соба каде престојувал, го пронашол починат Л.М.(44) од Албанија. Од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Одделението за криминалистичка полиција Штип поднесе кривична пријава против Е.И.(38) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службени дејствија”. На 24.03.2020 на ул.„Радански пат“ во Штип, пријавената попречувала полициски службеници во преземање на службени дејствија, при приведување на А.И., кој претходно сторил кривично дело.
Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, М.П.(51) од Скопје пријавил дека неговата ќерка Н.П.(14) од Скопје се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Одделението за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против Л.М.(45) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 17.04.2019 во 09.00 часот на ул.„Прохор Пчински“ во Велес, полициски службеници при извршен претрес во домот на пријавениот пронашле марихуана.
Во СВР Велес денеска било пријавено дека во нивниот дом на ул.„Ѓорги Војтех“ биле пронајдени починати К.М.(79) и В.М.(53), без траги на насилство. Според пријавеното, станува збор за мајка и син, и двајцата со здравствени проблеми, кои последен пат биле видени од соседите во јануари. По наредба на Јавен обвинител телата се предадени на обдукција.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Е.(40) во с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност, била регистрирана објава на социјалната мрежа Facebook со невистинита содржина во врска со ситуацијата со епидемијата во Р.С.Македонија и, по направена проверка, било потврдено дека станува збор за профил на пријавената.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Х.(32) и 17- годишник, и двајцата од с.Пршовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.03.2020 во 21.30 часот на регионалниот пат Тетово – с.Јажинце, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(36) и Л.А.(28), двајцата од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.03.2020 во 17:00 часот, кај наплатната рампа „Желино“, на автопатот Скопје – Тетово, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(43) од Република Албанија, со престој во во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 29.03.2020 во 18:30 часот на ул.„Љуботенска“, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.К.(22) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 29.03.2020 во 19.50 часот на ул.„Љуботенска“, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.К.(50) од Косово, со престој во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 29.03.2020 во 18:25 часот на ул „Т.Ц. Мерџан“ пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.С.(26) и 17-годишник, и двајцата од с.Крушепек, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.03.2020 во 21.40 часот на автопатот Кичево – Гостивар, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Р.(25) од с.Горна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.03.2020 во 21.30 часот пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(29) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.03.2020 околу 17.25 часот, пред продажен објект во населба Циглана во Гостивар, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.С.(35) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.03.2020 околу 18.20 часот на ул.„Момир Андоноски“ во Гостивар, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.В.(43) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’’. На 28.03.2020 околу 20.30 часот на ул.„В.С. Бато“ во Тетово, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(18) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’’. На 27.03.2020 во 22.20 часот, пред бензинска пумпа на ул.„Илинденска“ пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.И.(27) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’’. На 30.03.2020 околу 22:40 часот на ул.„Орце Николов“ пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.С.(57) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за стоено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’’. На 30.03.2020 во 22.50 часот на ул.„Орце Николов“ во Тетово, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Ќ.(25), З.Ќ.(53), Г.Ќ.(31) и А.С.(40), сите од с.Ломница, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 29.03.2020 во 16.35 часот на пункт во с.Топлица, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.А.(31) од с.Трново, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 29.03.2020 околу 17.45 часот на ул.„101“ во Гостивар, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(64) од с.Грекај и С.У.(68) од с.Жужње, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 29.03.2020 во 16.58 часот на пункт во нас.„Питарница“ во Гостивар, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Б.(31) и Б.Б.(19) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 29.03.2020 во 17.45 часот на ул.„Бањешница“ во Гостивар, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривични пријави против М.М.(49) и Ф.Б.(42), двајцата од с.Балиндол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 30.03.2020 во 21.35 пред продажен објект во нас.„Малеарди“ во Гостивар, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривични пријави против М.Љ.(26) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 30.03.2020 во 22.00 часот на ул.„Панче Попоски“ во Гостивар, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење. дма/