Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен

Скопје, 28 јуни 2020 (МИА) – Денеска во 02.10 часот М.Ј.(26) од Скопје пријавил дека на ул.„Ќемал Сејфула“, на паркинг простор, бил физички нападнат од Д.Т., П.В. и уште едно лице, при што тие со тврд предмет му ги искршиле стаклото од неговото возило и неговиот мобилен телефон. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 23.12 часот во СВР Битола било пријавено дека во летната бавча на хотел во Битола дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Н.М.(47), од една страна и И.А.(32) и В.А.(36), од друга страна, сите од Битола. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Тодор Чангов“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Н.Т.(40) од Гостивар и Ј.Ј.(40) од Кавадарци, на која, според пријавеното, ѝ претходела вербална расправија поради место на паркинг. Според пријавеното, Ј.Ј. со неговото возило се обидел да го прегази Н.Т., кој притоа се здобил со повреда, по што започнала физичка пресметка меѓу нив. Во еден момент Ј.Ј. отишол до куќата во која престојувал и се вратил со пиштол, додека Н.Т. избегал од местото на настанот. По пристигнување на полициските службеници, Ј.Ј. бил затекнат со посочениот пиштол, за кој било утврдено дека е воздушен и кој му бил одземен. Тој бил лишен од слобода, а Н.Т. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Тетово, вчера вршејќи служба на ул.„Маршал Тито“ – Монопол, на влезот од фирма, затекнале повеќе лица кои на ѕидот испишувале графити за политичка партија. Се работи на расчистување на случајот.

Денеска во 00,20 часот А.С.(25) од Куманово пријавил дека во Куманово, на ул.„Кирил и Методиј“, тој и неговиот 17-годишен роднина биле нападнати со тврд предмет од М.Т.(27) од Куманово. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 23.40 часот Р.Р.(23) од Скопје пријавил дека на ул.„Перо Наков“ бил физички нападнат од Ф.К.(32) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Вчера во 22.20 часот Г.А. од с.Лознани пријавил дека околу 22.00 часот кај спортската сала во Битола неговиот 16-годишен син бил физички нападнат со тврд предмет од Х.Г. од Битола. Се работи на расчистување на случајот.

Денеска во 02.25 часот А.К.(35) од Штип пријавил дека на ул.„Сремски фронт“ во Штип бил физички нападнат од К.А.(34), Д.И.(27) и М.Н., сите од Штип. Се работи на расчистување на случајот.

Денеска во 02.30 часот А.Н.(19) од Битола пријавила дека ул.„Партизанска“ била физички нападната од едно непознато лице. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 14.15 часот С.С.(43) од Штип пријавил дека на 24.06.2020 околу 16.00 часот на ул.„Струмичка“ неговиот шестгодишен син бил турнат од друг малолетник, при што се здобил со тешка телесна повреда. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 22.30 часот во СВР Тетово Б.В.(41) пријавил дека околу 18.00 часот неговиот 14-годишен син, додека бил со другарите во двор на основно училиште, бил физички нападнат од непознато лице. Според пријавата, на нападот му претходела расправија со две девојчиња околу простор за играње кошарка, при што малолетникот бил физички нападнат од нив, по што возвратил. Како што е наведено во пријавата, во тој момент едно непознато лице физички го нападнало малолетникот, а по пристигнувањето на полициските службеници, малолетникот заедно со неговиот татко бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Истиот ден, околу 20.20 часот, во врска со посочениот настан, М.К.(20) во СВР Тетово пријавила дека таа и нејзината сестра на спортското игралиште во основно училиште биле физички нападнати од малолетно лице. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 08.00 часот било пријавено дека на 26.06.2020 околу 00.00 часот во Кочани, непознато лице се обидело да изврши обљуба врз 86-годишна жена во нејзиниот дом, физички ја нападнал по што ѝ одзел материјални средства. Извршен бил преглед од лекар, а за настанот бил известен Јавен обвинител. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска во 05.30 часот во Полициското одделение Групчин Н.И. (19) пријавил дека околу 03.00 часот, додека бил со неговиот пријател Е.И., на излезот од село Рогле бил нападнат со железна шипка од С.С.(23) од с.Рогле. Според пријавеното, на нападот му претходела меѓусебна вербална расправија на 27.06.20202 околу 23.00 часот во с.Рогле. Н.И. и Е.И. успеале да побегнат и се упатиле во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош, каде на Н.И. му биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот. аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово