Утрински Весник
Македонија

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА)Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 11:15 часот, на улица „114“ во Тетово, ги лишиле од слобода 24-годишната М.Ј. од тетовско село и 31-годишниот тетовец Б.Р. При нивен и преглед на возилото „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано и во кое тие се наоѓале, била пронајдена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 15:40 часот во село Теарце-тетовско, го лишиле од слобода Е.И.(35) од Теарце, затоа што при преглед му била пронајдена марихуана. По расчистување на случајот против него ќе следува поднесок.

Во СВР Штип вчера во 17:11часот било пријавено загадување на река Брегалница. Од страна на полициски службеници земени се примероци од водата и извршен е увид на местото. За настанот е запознаен Јавен обвинител и Републички државен инспектор од општина Штип. Се работи на расчистување на случајот.

Во Полициската станица Кочани вчера во 12:15 часот било пријавено дека на автобуското стојалиште во село Облешево, поради меѓусебни недоразбирања околу паркирање на возила, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на лица сите од село Баница, струмичко, при што биле употребени и дрвени предмети. Од страна на полициски службеници на сите учесници во пресметката изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

И.Ј.(27) од Скопје вчера во 15:10 часот пријавила дека во село Петровец била физички нападната од С.Д. До физичкиот напад, според пријавеното, дошло по претходно нарушени семејни и имотно-правни односи. Се работи на расчистување на случајот.

Во СВР Битола, утрово околу 1:30 часот  било пријавено дека на ул.„Караорман“ во населба „Баир“, Битола настанал пожар при што целосно била опожарена куќа. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Битола. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

М.К.(31) од Битола утрово во 3:30 часот во СВР Битола пријавил дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, во негова сопственост. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

О.П.(37) од Свети Николе завчера во 19:30 часот во Полициска станица Свети Николе пријавила дека околу 8:00 часот од семејниот дом на ул „Гоце Делчев“ во Свети Николе се оддалечила нејзината ќерка А.Р.(16). По кажување на пријавителката истата имала сознание дека нејзината ќерка се наоѓа кај Д.С.(22) во село Сарај,струмичко. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.И.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.02.2017 од страна на пријавениот било доставено барање до МВР–Полициската станица Прилеп со цел промена на дозволата за поседување и носење на оружје издадена на 28.11.2002 за ловна пушка „црвена застава“ на негово име, за да во декември 2019 повторно отишол кај референтот со цел да укаже дека при промена на дозволата да го запише фабричкиот број што реално постои на оружјето ловна пушка „Монте Карло“, односно да се корегира евентуално настанатата грeшка. При проверките констатирано било дека не е настаната никаква грешка и дека се работи за сосема друго оружје по марка и број.

На регионалниот пат Радовиш-село Владевци, вчера во 19:30 часот полициски службеници од Полициска станица Радовиш во содејство со вработени од Шумска полиција Радовиш запреле товарно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (46) од село Сушево, струмичко, во кое имало дабови огревни дрва без соодветна документација. Возилото и дрвата се одземени и предадени во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.И.(49) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “силување“. На 23.04.2020 пријавениот во соба во хотел во Битола, извршил обљуба над 44 годишна битолчанка.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Ј.(43) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот на 18.06.2020 во 19:45 часот, при контрола од полициски службеници од СВР-Штип констатирано било дека пријавениот го напуштил местото за самоизолација, односно не го испочитувал решението од ДСЗИ за здравствен надзор и самоизолација во траење од 14 дена.

СВР Штип поднесе известување против 17 годишник од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот на 18.06.2020 во 19:45 часот, при контрола од полициските службеници од СВР-Штип констатирано било дека пријавениот го напуштил местото за самоизолација, односно не го испочитувал решението од ДСЗИ за здравствен надзор и самоизолација во траење од 14 дена.

СВР Охрид, СВР Штип, СВР Куманово и СВР Велес поднесоа 13 кривични пријави против: Б.Н.(49), Б.С.(37), двајцата од Кичево, А.Ф.(21) од Струга, Ј.К.(26) од село Велешта-струшко, И.Н.(30) и С.К.Н.(32), и А.С.(53) сите од Штип, Д.Ц.(43), Е.Љ.(25), Д.М.(25) тројцата од Куманово, М.З.(45) од село Пчиња-Куманово, А.А(32), С.К(22) и Б.А.(39) тројцата од Велес постоење основи на сомнение за сторени кривични дела“ непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Лекар од детското одделение при Клиничка болница Битола вчера во СВР Битола пријавил дека кај нив било донесено 13 – годишно девојче од битолско село, кое изјавило дека истиот ден нејзиниот чичко ја допирал по интимните делови на телото. Денеска, по извршени проверки, а во врска со пријавата, во 2:30 часот во СВР Битола лишен е од слобода А.Џ.(37) од битолско село и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 18:15 часот по претходна судска наредба извршиле претрес во хотел во Скопје каде во изолација престојува Љ.П.(56) од Скопје. Потоа истиот ден во 21:10 часот од полициски службеници од СВР Скопје по претходна судска наредба извршен бил претрес ул.„Киро Крстевски – Платник“ во неговиот дом. Се работи на расчистување на случајот. вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гаши: Останувам во коалицијата „ВРЕДИ“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата

Воз удри во автомобил кај Зелениково, има и повредени